Дали станувате се повеќе несреќни ? Дали ви се случува постојано да сте во потрага на вашата среќа и кога ќе направите некој чекор повторно се разочарувате бидејќи сфаќате дека сето тоа е погрешно. Можеби барате нешто на погрешни места, бидејќи таму каде што барате не се наоѓа она и навистина го барате.
Се споредувате со останатите
Кај некои луѓе најчесто не се ни наоѓа нивната среќа а не пак вашата. Кога ќе анализирате од страна многу луѓе изгледаат среќно и исполнето. Немате претстава како тие навистина имаат стигнато до сето она што го имаат, а сето тоа на вас ви изгледа недостижно и претпоставувате дека доколку и вие го имате истото, тоа би ве направило да бидете посреќни.
Но вие не знаете од што се се имаат одрекнато тие луѓе, колку ги имаат платено нивните избори, колку долго се труделе, верувале, се сомневале, паѓале и станувале. Просто гледате нешто што сјае во вашите очи, а не го видите патот до тие сјани работи, а тој пат сигурно не и посипан со бисери и благородни камења. Секој на свој начин си ја избира среќата и сечиј пат до среќата е различен. Прифатете дека вие чекорите по вашиот пат и сите оние перипетии кои ги сретнувате треба вие лично да ги надминете.
Во мечтаењето
Мечтаењето и фантазирањето се дел од човековата природа и тоа можеби во поголем дел бидејќи ни овозможува да го замислиме она што го сакаме но ако својата страст ја изразувате само низ фантазија и не успевате да ја насочите во креативно изразување, да ја материјализирате тогаш поголемиот дел од вашето време ќе сметате дека е изгубено во реалниот свет.
Бегањето од реалноста и мечатењето се легитимниот вентил за стрес и тоа го правиме и кога читаме и гледаме серии и фимови. Но читањето ни го збогатува речникот и не поттикнува да размислуваме и увидуваме, а сериите и филмовите претставуваат содржини кои ја поттикнуваат интеракцијата – ги гледаме заедно со нашите блиски или пак редовно коментираме со пријателите за вашата омилена серија. Во реалноста никогаш нема да можете да го остварите сето она по што мечтаете.
Во минатото
Секогаш има оние периоди и моменти во кои би сакале да се вратиме да се почуствуваме така безгрижно, радосно, енергично како што сме се чуствувале кога сме биле мали и се ни било ново и возбудливо и кога сме имале некоја авантура или пак сме биле многу заљубени и предадени до максимум.
Можете да копнеете по чуствата, по вашите карактери односно какви сте биле пред да стекнете некои нови искуства но хиперболизирањето на минатото и носталгијата се много отровни исто толко како што би сте се нашли во ситуација кога не можете себе си да си простите за некоја глупост која ја имате направено, кога ве мачи каењето или вината поради некои минати случки и сл. Морате да го заборавите минатото и да го отворите вашето срце и ум за реално добрите работи кои можат да ви се случат на дневно ниво.
Во вашата зона на конфорот
Да се биде задоволен со дневната рутина, малиот круг на пријатели кои ги видувате по дефинирана динамика на прв поглед личи на мир и безбедност. Но вие добро знаете дека таквите периоди не траат долго односно туку само колку што ви е потребно да воспоставите стабилност и да зајакнете после некоја непријатна случка.
После тоа некои животните настани ќе ве срушат во разни облици – некои ниски кои не сте можеле да ги замислите, а од некои пак сте се плашеле но сепак сте знаеле дека се извесни. Значи заштитата која ви ја дава вашата зона на комфорот е привремена и илузорна. Се што ви помога да раснете и се завивате, сите награди и лекции се случуваат и надвор од вашата зона на комфорот.
Било каде ја барате вашата среќа и да бидете исполнети и среќни а наоѓате само фрустрација, разочарување и причини за воздишка треба добро да се преиспитате и можеби во еден момент е добро да престанете и да дозволите на настаните сами да се случуваат без ваше влијание. Свртете се кон самите себе си, остварете контакт со вашето битие, живејте го моментот на сегашнота и во тој случај ќе ја препознаете среќата.