Кога би можеле да го избегнете непријатното чувство и да се обвинувате себеси дека со полн стомак заминувате на спиење, постојат прехрамбени продукти кои можат тоа да ви го олеснат.
Оброците, доцна во ноќта доведуваат до дебелење, а посебно ако содржат јаглени хидрати. Иако е најлесно да изедете ваква храна бидејќи брзо и лесно се подготвува таа сепак влијае на зголемувањето на килограми односно на дебелењето.
Доколку сакате да го избегнете собирањето на масни слоеви, и доколку неможете гладни да заспиете обидете се пред спиење, да изедете парче младо козјо сирење.
Доколку конзумирате 30 грама протеини половина час пред да заминете во кревет на спиење го забрзувате метаболизмот и влијаете на намалување на вишокот на килограми.
Младото козјо сирење има најмалку проценти маснотија па затоа и се препорачува. Доколку не го обожавате козјото сирење поради неговиот специфичен вкус заменете го со младо кравје сирење или пак со јогурт.