Мус од лимон и сирење кремаст, лесен, освежувачки..
Состојки:
-2 јајца
-130гр шеќер
-1 лимон
-4 парчиња желатин
-175гр свежо сирење
Подготовка
Одделете ги белките од жолчките, а потоа додајте 100 грама шеќер во жолчките и изматете добро. Измијте го лимонот и изрендајте ја кората. Потоа пресечете го на половина и исцедете го сокот од половина лимон во жолчката. Додадете ја кората и мешајте рачно додека не добиете целосно соединета и мазна смеса.
Ставете ги листовите од желатин во ладна вода неколку минути, исцедете ги и ставете ги во сад со неколку лажици топла вода да се растворат, па додајте ги во кремот со лимон и промешајте. Изматете го сирењето одделно, а белките одделно, а потоа додадете во кремот. Истурете го кремот во чинии и ставете го во фрижидер. Украсете го мус со шлаг слатка павлака пред сервирање.
Пријатно!