Откако ги прослави новогодишните и божиќните празници во друштво на сопругот Вељко Пиљкиќ и синовите Јаков и Јован во нејзиниот дом во Стара Пазова, популарната пејачка Сека Алексиќ реши да замине на годишен одмор.
Фолк ѕвездата денес им се пофали на своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм со зимската магија во која ужива на Златибор.
Имено, атрактивната музичка ѕвездата позираше на снегот со насмевка, совршено стилизирана.
– Време е за снег. Зима, зима, па што е … – напиша пејачката која очигледно ужива во својот одмор.
Нешто подоцна, Алексиќ сподели и фотографија од планинарската куќа додека се одмара во прегратките на нејзиниот сопруг.