ОБИЧНИ ЛУЃЕ:

Шампионот Емил Цветанов – ни ја најавува наjголемата XCO MTB UCI 1 велосипедска трка во Македонија

Низ годините во Куманово преку основоположникот на велосипедизмот Емил...

Национална изложба на уметничка фотографија „ Жените и фотографијата “

Во чест на меѓународниот ден на жената 8-ми Март, Фото клуб Куманово во соработка со Центар за култура „Трајко Прокопиев“ ја организира националната изложба на уметнички фотографии  Жените и фотографијата.

Фото Клуб Куманово на творечки начин говори за ангажираното присуство на жената во светот на фотографијата и тоа го претвора во традиција.Ова е девето издание на изложбата во која се прикажани 50 фотографии од женската фотографска фела во Република  Македонија.

Меѓународниот ден на жената е потсетник да запреме – да го согледаме и славиме напредокот на жените низ историјата, која сведочи за борба на храбри и достоинствени жени со цел обезбедување на подобра позиција на жената во сите сфери на општеството. Жените прават револуција во осознавање на светот, која води кон рушење на поделбите, а со тоа и прифаќање на нови мислења и воспоставување на нови парадигми.

Жената отсекогаш била дел од светот на фотографијата, како муза, инспирација, но и како уметник и автор која преку фотографии има моќ да дејствува и да инспирира.

На изложбата застапени се две теми. Ставен е акцент на жената – нејзината појава и улогa во еден организиран визуелен облик кој заслужува внимание и слободна тема како простор за интерпретација на светот околу себе виден преку објективот на жените автори.

Разновидноста, актуелноста и автентичноста на нивните уметнички сваќања и толкувања, високиот степен на естетска свест ги чини рамноправни членови во оваа креативна дејност!

Фотографиите учествуваат во животот на идните генерации како предмети од визуелно емоционално и интелектуално исуство на они кои ги разгледуваат. Тие продолжуваат да ја емитуваат во себе пораката, експресивна енергија која ја втиснале нивните автори. Целта на изложбата е да се даде потик, поддршка, да се продолжи со активноста.

Изложбата ќе биде отворена на 5ти март во изложбениот салон на Центар за култура “Трајко Прокопиев“со почитување на здравствените протоколи. 

Latest

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Newsletter

spot_img

Don't miss

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Уметничкиот центар ПОЛИФОНИЈА со несекојдневна програма во рамки на Скопско Лето.

21ви Јули со почеток во 21 часот "Македонски шлагери, стари...
spot_imgspot_img

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници кои го олеснуваат животот и особено работата. Бизнис трансофмацијата се забрза, предизвикувајќи големи промени во...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и седумкратниот освојувач на најголемата титула во бодибилдинг, Мистер Олимпија. Сепак, дали знаевте дека Арнолд Шварценегер стана...

ИСКРЕНО СО: Симона Николова – за дискриминацијата, менталитетот и патот до успехот за кој сонува и го остварува

FLIP: Како си?! Симона Н.: Здраво пред сè. Јас сум одлично, благодарам. Чест ми е и задоволство што повторно одговарам на ваши прашања. Не ѝ...

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

error: Content is protected !!