Станува збор за мобилна антена со дијаметар од 70 метри, која сега успешно ги помина сите проверки и е подготвена да прима сигнали од Марс во рамките на мисијата Тјанвен-1. Истоимената сонда неодамна ги испрати првите слики на Марс и би требало да влезе во орбитата на Марс околу 10 февруари.
Изградбата на масивниот радио телескоп започна во 2018 година во северниот дел на регионот Тјанџин и заврши во моментот кога вселенското летало Тијанвен-1 се приближи до Црвената планета.
Новата антена има форма на плоча и започна со работа. Се состои од 1.328 високопрецизни панели кои покриваат површина еднаква на десет кошаркарски игралишта. Дијаметарот на садот на антената е 70 метри и е најголем во Азија, а тој е за 30 метри помал од најголемата антена во светот, Green Bank, лоцирана во САД, пренесува РТ.
Кина досега користеше три антени, со дијаметар од 35 до 50 метри во Пекинг и Кунминг, но тие не беа доволно силни за да обезбедат квалитетен прием на податоци од Марс, кој во моментов е оддалечен 180 милиони километри од Земјата.
Тјанвен-1 беше лансиран во јули 2020 година, а се планира да пристигне во гравитационото поле на Марс на 10 февруари, ден пред кинеската Нова година.
Целта на кинеската национална вселенска управа (ЦНСА) е слетување орбитер и ровер на површината на Марс, а доколку слетувањето биде успешно, Кина ќе стане втора земја по Сад што успешно управува со ровер на Марс.
Кинеските научници планираат да ја користат мисијата Тјанвен-1 за да бараат знаци од минатото, сегашниот живот на планетата и да ги анализираат почвата и атмосферата.