Луѓето во долги врски и бракови знаат дека секоја љубовна приказна има свои висини и падови. Да, во врската ќе има безброј нежни моменти и периоди полни со љубов, но и напнати ситуации исполнети со кавги и несогласувања.
Флексибилноста и подготвеноста за компромис е исклучително важна за успехот на индивидуалната врска, особено кога пристигнуваат тешки времиња. Само со отворена меѓусебна комуникација, ке ги надминете проблемите во врската.
Од друга страна, ова нема да биде можно ако едната страна има постојана потреба да биде во право. Иако оваа лоша навика често се карактеризира како машка, има и многу жени кои ја имаат оваа потреба.
Ако партнерот чувствува дека треба да биде во право цело време, тој нема да биде подготвен да ја слуша другата страна, нема да сака да исправи некои од неговите однесувања и мислења, а врската порано или подоцна ќе заврши со раскинување.
Експертите велат дека во љубовта, успешните парови умеат да го контролираат своето его, ги надминале своите незрели сфаќања за животот се подготвени да планираат среќна иднина со својот партнер.