Најстарото филозофско прашање: Како да се живее свесно дека се околу нас е минливо ?
Од време на време човекот станува свесен за немилосрдното брзо минување на времето кон нашата неизбежна смрт. Минливоста на времето претставува главен аспект на човековото однесување и носи во себе и возбуда и страв, убавина и тага. Како и да е и доброто и лошото ќе поминат и на се ќе дојде крај.
Човекот е немоќен пред законите на природата и кога ќе се присети на тоа добива доза на скромност. Намерата која е поврзана со вера носи во себе моќ но човековата моќ секогаш е органичена со надворешни и внатрешни препреки, а борбата против нив дава смисла.
Додека човекот со еден дел ужива во надежта и отворените можности, со другиот дел тежнее кон сигурност и мир. Доколку човекот себе се анализира како завршен и чест производ, а не како креација и непрестано постоење, ќе му биде потешко да ги прифати одредени постапки бидејќи не сфаќа дека се се одвивало на единствен начин на кој можело да се одвие.
Човековата сила лежи во неговото прилагодување на секоја неминовност, а она што веќе се одвило секако е неминовност.
Носталгија и некои нејзини значења
Дали имала смисла или не, минливоста на времето во човекот предизвикува одредени чувства. Терминот кој кај нас се употребува за ова е носталгијата. Емоционалниот склоп на човекот е доста сложен и нежен отколку како што е лексиконски дефиниран. Во португалскиот јазик постои збор saudade која се дефинира како длабоко емоционална состојба од благо-горка меланхонична копнеж за нешто убаво кое веќе го нема.
Носталгијата е збор кој датира од 1688, а е воведен од страна на германскиот доктор Johanes Hofel, заради дијагноза на психичката состојба на швајцарските платени војници кои долго време биле одалечени од татковината.
Во психологијата, морбидната носталгија се означува како тага за минато време. Пациентот не ја прифаќа реалноста и го идеализира минатото. Најшироко прифатливо значење на носталгијата е зајакнување кое бара да се вратиме во минатото односно минатото да го донесеме во сегашноста и се да биде како порано.
Осаменост или saudade
Saudade потекнува од два збора: solitude – осаменост и salutare – збогум. Значи, осаменоста по опростувањето или недостасување за она од што сме се опростиле.
Saudade е присутност на отсутноста која трепери во телото и битието на оној кој тоа го чуствува. Зголемената свесност за отсутноста и непровратноста на нешто што било или можело да биде а сега е надвор од домет.
Додека носталгијата во својот вообичаен облик подразбира доза на разочарување, saudade подразбира искра надеж која нема одредиште па се шири во апсолута и ја преплавува љубовта и благодарноста.
На пример, професионален спортист се здобил со повреда поради која можел да се опрости од спортската кариера. Гледајќи во минатото тој чуствува недостасување, но тоа може да се манифестира како носталгија или како saudade. Разликата е во тоа што кај saudade, наместо неразбирливо тежнеење да се вратите во минатото, се одвива како контемплација на убавината на онаа што би било и прифаќање на она што е.
Може да се воочи сличност помеѓу терминот севдах и saudade. Меѓутота во недостаток на суптилни изрази, зборот севдах има пошироко значење и е поврзан со секој облик на потполно препуштање на емоциите во естетскиот занос.
Јасно е дека јазикот непрестано треба да еволуира, бидејќи истиот претставува како средство така и ограничување на изразувањето. Што е човекот повеќе во можност да ја изрази својата внатрешна состојба се помалку ќе биде изолиран и недоволно сфатен.