Најздравата ужинка за деца. Овие 5 оброци се одлична замена за грицките, а го зајакнуваат и имунитетот

Слични

Сподели

Најздравата ужинка за деца. Овие 5 оброци се одлична замена за грицките, а го зајакнуваат и имунитетот.

Погледнете каква закуска можете да му понудите на вашето дете за да го зајакне  имунитетот.

Не постои трик за борба против болеста, но посилниот имунитет може многу да придонесе за тоа. Исхраната игра многу важна улога тука, а витамините А, Ц, Д, железо, цинк и селен, исто така, се клучни.

Основата на имунитетот се состои од здрава храна, доволна количина вода, доволно спиење, помалку стрес и физичка активност. Освен трите главни оброци дневно, ужинките меѓу нив се многу корисни за здравјето на децата. Ако децата сакаат да грицкаат нешто меѓу оброците, потрудете се тоа да бидат закуски што ќе го зајакнат нивниот имунитет.

Како здрава ужинка за вашето дете ви го предлагаме следново:

1. Семки од тиква

Семките од тиква се богати со цинк (минерал одговорен за имунитетот), но и за заштита од вируси. Децата обожаваат да ги грицкаат овие семки.

2. Овошна салата

Овошјето и зеленчукот се одличен избор како ужинка. Со нивна редовна примена децата ќе добијат многу. Тие даваат многу витамини кои придонесуваат за зајакнување на телото на детето.

3. Кефир

Кефирот е богат со пробиотици. Тие се одговорни за правилно функционирање на дигестивниот систем. Ова е многу важно за имунитетот. Ако го збогатите со свежо овошје, ќе добиете вкусна закуска одлична за вашиот имунитет.

4. Салата од туна

Туната содржи витамин Д, кој е одговорен за силен имунитет. Кај многу деца има недостиг од овој витамин, па затоа се многу повеќе склони кон вируси. Можете да направите салата од туна со пиперки, зелена салата и семиња. Ако додадете уште малку зеленчук, ова, всушност, може да биде хранлива вечера.

5. Тост од авокадо

Интегрален тост од авокадо му дава на детето витамин Ц и цинк. Витаминот Ц и цинкот се одлични за зајакнување на имунитетот. Можете да му го дадете тостот од авокадо на вашето дете за ужинка, а ако го комбинирате со пилешки гради и со сирење, ќе добиете многу хранлив и квалитетен појадок.

error: Content is protected !!