Намирници кои ве прават убави, енергични и здрави.
Дознајте кои 5 намирници содржат витамин Б7 (витамин кој позитивно влијае врз убавината, младоста, здравјето и енергијата).
Витаминот Б7 или биотинот е витамин Б растворлив во вода. Неопходно е телото да ги претвори мастите, протеините и јаглехидратите во енергија. Исто така, овој витамин има големо влијание врз физичката кондиција, енергијата и психолошкото функционирање. Биотинот е важен и за одржување на нивото на шеќер во крвта. Така, луѓето со дијабетес често имаат ниско ниво на овој витамин. Освен за здравјето, тој е важен и за убавината и позитивно влијае врз кожата, косата и ноктите. Неопходно е да се употребуваат и други витамини од Б-комплексот.
Најчестите симптоми на недостаток на витамин Б7 се: замор, болки во мускулите, слаба концентрација и нагли промени на расположението. За да го внесете потребното ниво од овој витамин во организмот на природен начин и да придонесете за здравје и убавина, важно е во менито да ги вклучите следниве 5 намирници.
1. Органски јајца
Јајцата се богати со протеини и аминокиселини, вклучувајќи го и витаминот Б7, кој е исклучително корисен за вашето здравје. Жолчките содржат биотин, а експертите истакнуваат дека него го има најмногу во варените жолчки.
2. Лосос
Покрај витаминот Б7, лососот е исклучително богат со омега3 масни киселини кои го намалуваат ризикот од воспаление, го штитат срцето, го подобруваат здравјето на мозокот и овозможуваат косата и кожата да бидат здрави.
3. Бадеми
Еден бадем содржи 1,5 mg витамин Б7. Бадемите се богати со магнезиум, витамин Е и растителни влакна, кои се од голема помош за слабеење и за одржување на здравјето на дигестивниот систем. Исто така, ова оревче е одличен извор на протеини. Можете да го јадете за ужина ако ви е потребно нешто што ќе ве засити и ќе ве одржува здрави.
4. Домат
Омилената летна храна е богата со ликопен, разни витамини и минерали, но, исто така, таа е и добар извор на биотин. Една чинија домати содржи 7,20мкг биотин, а тоа покрива 24% од дневната потреба на телото за биотин.
5. Малини
Малините се овошје кое е исклучително богато со антиоксиданси и со различни витамини и минерали. Една мала чинија малини содржи 0,2—2 мкг биотин, а тоа е 8% од дневната потреба на организмот за овој витамин.