Супермоделот Наоми Кембел (49) откри дека јаде само еден оброк дневно , пренесува Daily Mail.
Убавицата, која ќе наполни 50 години следниот месец, всушност вечера на ручек и тоа е целата тајна на нејзиниот изглед.
– Јадам за време на ручекот. Ручекот е моја вечера затоа што навистина јадам само еднаш на ден – рече таа.
– Недела е денот кога ќе се почестам со задоволство, тогаш јадам десерти, колачи и пудинзи – објаснува таа
Наоми се воздржува од конзумирање млечни производи и глутен , и рече дека постела во изминатите денови пред почетокот на модните ревии.
– Јадам кога треба и не гладувам. Ако еден ден не чувствувам потреба за храна, едноставно не јадам, пијам вода и сокови . Тоа зависи од тоа како се чувствувам. За време на летните месеци и горештините, сакам само да пијам сокови – вели Наоми.
– Никогаш не го планирам тоа, било да е тоа еднаш или двапати неделно – заклучува некогаш најпопуларниот модел во светот.