Заменете ги слатките колачиња и чоколадото со овој десерт,домашен Еурокрем кој може да го намачкате на леб или палачинки.
Состојки:
300 гр печени лешници
120 гр мед
40 гр какао
5-10 лажици вода
Подготовка:
Ставете ги печените лешници во блендер и мелете ги до целосно течна и кремаста текстура, т.е. до путер од лешник.
Во сад измешајте вода, какао и мед, потоа промешајте ги и додадете ги мелените лешници. Комбинирајте го сето тоа убаво и домашната крема е подготвена.