Направете сами златна вода и остранете ги флеките од вашата кожа!
Златната вода е богата со јоните на златото и слично како и сребрената вода која го зајакнува имунитетот а се подготвува многу лесно.
Зошто ви е важна златната вода?
Можете да се миете со неа, да направите облоги или да ја искорисите за масажа. Златото помага да се потисне штетната оксидација која настанува поради секојдневната изложеност на отрови и загадувачи.
Златото ги отстранува пегите!
Освен што делува антибактериски и против воспаление златото исто така ги избегнува пегите и дамките кои се појавуваат поради сончевото зрачење. Златната вода ја намалува потрошувачката на колагенот и еластинот и го стимулира растото на ќелиите така што обозможува молекулите на кислородот да се транспортираат право во кожата, поради што истата се ревитализира и добива подмладен изглед.
Понатаму, ја поттикнува циркулацијата, го зајакнува мускулниот тонус а одговара на сите типови на кожа. Миењето со златна вода може да го отстрани мрсниот сјај на кожата и да ја направи мазна, а сувата ќе биде мека и хидрирана. Испирањето на косата со оваа вода гоо зајакнува влакното и ја ревитализира кожата на главата.
Како се подготвува златна вода?
Земете златна монета, медал или дел од накит од исклучиво жолто злато и без благороден камен. Златниот предмет нека биде тежок до 3 грама. Добро го измијте под млаз вода и ставете го неоштетен емајлиран метален сад.
Во тој сад додадете две чаши филтрирана вода и оставете го сето тоа да врие на ниска температура се додека количината на водата не се намали до половина. Извадете го златото а водата користете ја за миење, масажа или како облог против болови во мускулите, како и за стимулација на лимфна дренажа.