Недела – едноставно ден за уживање.
Недела – ден за уживање.
Така одлучив одамна.
- Ден за семејството.
- Еден ден за мене.
- Ден за мир и хармонија.
Секоја недела ја славам НЕДЕЛА.
Тој ден не одам на шопинг, не правам ништо оптоварувачки, не брзам никаде, само уживам во денот, дома и најблиските.
Неделните утра во пижами и со голема шолја кафе се мојот омилен дел од неделата.
Тие траат долго, се одликуваат полека со појадок, опуштени разговори и бавни движења.
Ако сакаме да го преживееме овој луд ритам и хаосот што не опкружува, мора да имаме свои оази во кои треба да застанеме и ресетираме. Да се потсетиме што е навистина важно и кој е достоен за нашето внимание и посветеност. Да ги одделиме важните од ирелевантните.
Така, ние се обидуваме да го зачуваме тој мир и спокојство што го чувствуваме што е можно подолго.
До следното ресетирање.
Уживајте оваа недела.