Во последно време се зборува многу за минимализмот и за тоа дека треба да ги земеме предвид количината на работи што ги имаме, но и бројот на книги што ги поседуваме.
Идејата дека треба да гледаме колку книги имаме е навистина стресна, особено за љубителите на книгите. Има толку многу добри книги во светот, и иако знаеме дека нема да можеме да ги читаме сите, тоа не спречува да се обидеме.
Сепак, ентузијастите за читање со задоволство ќе чујат дека постои теорија која тврди дека е подобро да поседувате што е можно повеќе книги.
Оваа теорија се заснова на концептот на „анти-библиотека“ . Овој термин не значи бојкот на библиотеките, туку значи внимателно одржување на домашна библиотека. Таа ќе ве потсетува на вашите ограничувања и која, со својата големина, служи како потсетник на работите што сè уште не ги знаете за светот и за себе, пренесува Лагуна.
На пример, дали знаевте дека Умберто Еко имал над 30 000 книги во неговата лична библиотека? Тој не успеа да ги прочита сите 30.000 наслови во неговиот живот, но зад тоа стои уште една причина.
Сите тие книги го потсетуваа на она што требаше да го научи и разбере , сите тие наслови го натераа Еко да сака да напредува и да учи секој ден.
Книгите го проширија неговиот ум и поглед кон светот – тој не сакаше да биде задоволен со знаењето што го имаше. Сакаше секоја непрочитана книга да го мотивира да учи, напредува и да го набудува светот од различни агли.
Добрата вест е дека непрочитаните книги имаат исто влијание врз просечните читатели. Особено е важно децата да растат опкружени со книги кои служат како потсетници на светови, приказни, животи и луѓе со кои не се среќаваме во секојдневниот живот.
Тоа е моќта што ја имаат книгите – не само за проширување на нашите хоризонти, туку и на нашиот свет, потсетувајќи нè на работите што се случуваат надвор од нашите четири ѕида.