Нетолеранција на лактоза во 2021 година

Слични

Парче печена или варена тиква помага да се спречат главоболки

Парче печена или варена тиква помага да се спречат...

Колку шолји чај дневно е доволно?

Колку шолји чај дневно е доволно? Чајот има бројни придобивки...

Трикови кои треба да ги знаете доколку подготвувате храна без глутен!

Трикови кои треба да ги знаете доколку подготвувате храна...

Сподели

Нетолеранција на лактоза во 2021 година

Нетолеранцијата на лактоза е проблем што се јавува кога телото не произведува доволно лактаза — ензим што го разложува млечниот шеќер или лактоза. Со недоволна лактоза во дигестивниот систем, не можеме да вариме млеко и, многу често, млечни производи, особено неферментирани.

Нетолеранцијата на лактоза е многу чест проблем, особено кај возрасните. Речиси 8% од населението страда од тоа, главно луѓето од Азија, Африка и од Медитеранот. Преовладува претежно кај возрасните и ретко кај децата кои, особено во детството, произведуваат повеќе ензими на лактоза за да можат да го сварат мајчиното млеко. Децата почнуваат да покажуваат знаци на нетолеранција само на возраст од три години.

Симптоми на нетолеранција на лактоза

Симптомите на нетолеранција на лактоза почнуваат да се покажуваат веќе околу половина час до два часа по консумирање на млеко и на млечни производи. Ова е време кога овие производи се да варат, а потоа настануваат тешкотиите.

Ако нетолеранцијата е поблага, се јавуваат симптоми како што се надуеност и грчеви. Посилната нетолеранција доведува до гадење и, често, дијареа. Луѓето кои имаат поблага нетолеранција на лактоза обично не сакаат само свежо млеко и млечни производи (сладолед, пудинг, разни креми и слична храна која оди со свежо, неферментирано млеко).

Тие не покажуваат симптоми кога имаат исхрана која вклучува: јогурт, путер, тврдо сирење и други прехранбени продукти кои содржат сирење. Луѓето со висок степен на нетолеранција не треба да консумираат млечни производи бидејќи сите тие предизвикуваат непријатност.

Ако се појават симптоми како што се црвенило и чешање на кожата, течење на носот, црвенило на очите и тешко варење при консумирање млеко, тогаш лицето страда од алергија на млеко.

Замена за млеко

Луѓето кои страдаат од алергија, најдобро е да ги избегнуваат сите производи што им создаваат непријатности. Денес се нудат многу намирници кои можат да ги заменат сите млечни производи. За почеток, има млеко без лактоза, но и добра замена за кравјо млеко, како што е соино млеко, бадемово млеко и сл.

Сојата се користи и за правење сирење и разни намази кои можат да бидат замена за млечни производи. Наместо животински масти, треба да се консумираат растителни масти, како и да се направи замена на сирењето со зеленчук.

Лицата кои се нетолерантни на лактоза, кравјото млеко може да го заменат со козјо кое содржи 10% помалку лактоза. Ако ова млеко не ви одговара и не сакате да се откажете од кравјо млеко, можете да земете препарати кои содржат ензими. Таблетите или капсулите со овој ензим мора да се земат пред јадење за да можат да се варат млечните производи по него.

error: Content is protected !!