ОБИЧНИ ЛУЃЕ:

Шампионот Емил Цветанов – ни ја најавува наjголемата XCO MTB UCI 1 велосипедска трка во Македонија

Низ годините во Куманово преку основоположникот на велосипедизмот Емил...

Невербална комуникација – говор на телото како неизоставен дел од нашата личност!

Невербална комуникација – говор на телото како неизоставен дел од нашата личност!

Ритамот и паузите при зборувањето, промените во изразот на лицето, движењата, телесните допири, насочување и задржување на погледот, се невербалните комуникациски знаци кои ги отсликуваат меѓучовечките односи и индивидуалните чуства.

Меѓутоа тежината која ја даваме на зборовите непрекинато ги фрла сите останати облици на изразувањето во втор план.

Одговорот можеме да го пронајдеме во секојдневниот живот бидејќи невербалната комуникација е суштински дел на човековот реагирање.

Постојат пет причини кој го прават говорот на телото неизоставен дел. Тие се:

-Неможност за изразување на некои појави на вербални знакови

-Јасно и остро истакнување на некои одлики или ствари

-Моќ над било каков обид за манипулација

-Експлицитно изразување на лични ставови

-Взаемно информирање

Освен тоа, невербалната комуникација е неизбежна тема на изучување на социјална психологија и лингвистика, и е од големо значење за сите дисциплини кои се занимаваат со човеково однесување како и за музиката и уметноста.

Што ја обликува невербалната комуникација: биолошкото наследство или културното опкружување?

Многу невербални комуникациски знаци кај човекот се стекнати во текот на животот и тоа преку социјално учење.

Меѓутоа, неспорен е фактот дека изворот на невербалните комуникациски знаци може да биде и биолошко наследство. Во наследените комуникациски знаци се вбројуваат фацијални изрази за емоција, низи знаења како и движења на различните делови на телото и знаци во афилијално однесување.

Важно е да се истакне дека невербалните комуникациски знаци се воочуват и кај животни и многу научници се занимавале со нивното проучување и споредување со човековото.

На тој начин наишле на бројни разлики и дошле до заклучок дека невербалната комуникација кај човекот во најголема мера се заснова на учење.

Културата како и различните лични обележја како што е полот, возраста, статусот, образованието и особините на личноста од раѓањето, влијаат на невербални комуникациски знаци.

Од таа причини, личноста која во текот на животот се сели во непознатата културна средина ја доживува состојбата на силно емоционално и интелектуално пореметување на личноста сето тоа е познато како културен шок.

На пример додека кај нас бакнежите и гушкањата при видувањето се доста чести во другите култури пак овој чин се смета за несоодветен. Од друга страна, ракувањето со самите себе кое е нормално во Индија ни делува смешно и бесмислено.

Дали говорот на телото може да биде изманипулиран?

Во спонтаното и намерното изразување на емоциите важна улога играат фацијалната експресија, насочувањето и фиксирањето на погледот на соговорникот како и разните движења на телото. Малите невербални реакции кај човекот се јавуваат во раното детство и претставуваат исклучиво искрено изразување на емоции.

Во текот на раснењето, интерперсоналните ставови се следени од емоционален различен интензитет. Во комуникација се покажуваат начесто со подигање и спуштање на веѓи, одалечување и приближување на телесен контакт.

Меѓутоа со сите невербални знаци на взаемни ставови можно е и да се манипулира така да не би требало секогаш да бидеме сигурни во проценка на ставови на некој поединец само на основа на говорот на телот.

За да ги прикажеме своите особини, луѓето често влијаат на својот физички изглед, држање и начинот на изговарање на разни невербални соопштенија. Особините кои начесто ги прикажуваме со говорот на телото се интроверноста, екстровертноста, неуротичноста, доминантноста, субмисивноста, агресивноста и социјабилноста.

Со оглед на тоа дека невербалните знаци можат да бидат контролирани, својата несигурност можно е да ја сокриеме со завесата на доминантна и екстровертна гестикулација.

Сепак треба да се земе во обзир фактот дека најискрените реакции кај секој од нас се неизбежни и траат генерално стоти дел од секунда. Умешните инспектори го користат ова сознание во испитување на осомничените, па снимките од испитувањето ги паузираат и ги прегледуваат повеќе пати да да се воочи лагата.

Синхронизацијата е битна улога на овој вид на комуникација бидејќи без неа било кој облик од конверзацијата не би можел континуирано да тече. Потребни се знаци како што е потврдување со главата со кој би потврдиле да го слушаме соговорникот или оние кои сакаме да да им го земем зборот од уста. Исто така со нагласување можеме да одвоиме битно од небитно и да дадеме смисла на зборовите.

Невербалните комуникациски знаци можат да бидат заменети и со одредени вербални искази. Оваа функција е исто така корисна за диригентите кои со гестикулација ги менуваат зборовите за да изведувачите во текот на траењето на песната сфатат.

Тајните кои ги издаваат мимиките

Кинезичките знаци се најизучувани невербални знаци и обично најпрвин помислуваме на нив кога ќе го употребиме зборот невербална комуникација. Се засноваат на движењата на телото што и можеме да заклучиме од самите зборови (кинезис-движења).

Во оваа група на знаци спаѓа и фацијалната експресија. Врз основа на изразот на лицето можеме да дознаеме многу за емотивната состојба на личноста. Лицето што најпрвин го соочуваме, а врз основа на неговиот израз можеме да создадеме и прв впечаток. Поради тоа постои голема шанса дека личноста која се смее ќе остави подобар впечаток на нас од оние на кои е нагрдена или пак без било каков израз.

Сепак покрај заљубувањето, среќата, задоволството, поздравот, насмевката може да се изразува и сарказам, агресија и обид за манипулација.

Постојат три вида насмевки а тоа се: полунасмевка, нормална насмевка и голема насмевка.

Големата на смевка може да биде затворена, отворена или болна.

За разлика од насмевката за тага не постои карактеристичен израз на лице.
Гадењето и прецизирањето се изразува со собирање на поглед и сложување на усните и гримасата. Поголемето презирање го следи изразена опишана фацијална експресија.

Стравот се изразува најчесто со широкоотворени очи, отворени усни, треперење и бледило. Ако нежно ја завртиме главата на страна или широко ги отвориме очите, ке изгледаме како да сме оствариле впечаток на заинтересираност.

Првите пет минути во текот на видувањето на две индивидуи е најкритичниот период бидејќи тогаш се формира првиот впечаток. Исто така кога прв пат видуваме личност од спротивен пол прво што ке го разгледаме е дека не привлекуваат нејзините линии и изразот на лицето. Освен тоа често сме подложни на тенденција да судиме за личноста, карактерот и, интелегенцијата и сето тоа само на основа на првиот впечаток.

Фацијалната експресија може многу да ни открие за здравјето на личноста. Исто така медицинските испитувања докажале дека луѓето кон со гастритис се подложни на грчење.

Секој дел од нашето лице крие своја најсилна порака. Од таа причина очите ќе зе зборуваат најмногу колку сме тажни и уплашени и ќе биде одраз на среќата. Од друга страна челото и очите и усните ќе покажат изненадување. Кога сме лути, целото лице ќе им порача на другите што чуствуваме.

Очите како огледало на душата – клише или вистина?

Погледот може да биде директен и индиректен, долготраен и краткотраен и непрекиден. Премногу директен, непрекинат и долготраен поглед може да создаде непријатност кај личноста во која е насочен . Долготрајните погледи често покажуваат заканувачки став, помалку почит на некој но и симпатии и заинтересираност.

Од друга страна, премалку контакти со очи ќе покажат срамежливост, недостаток на внимание и тајновидност. Прекинувањето на контактот со очите и спуштањето на погледот ја одразува страмежливоста и подреденоста на личноста од која сме го тргнале погледот. Меѓутоа, кога се зборува за деликатни теми или кога е премала одалеченоста од соговорнокот, најприкладно да се избегне контакт со очите.

Гестикулација – невербална артикулација

Движењата на главата може да биде потпора на вербална комуникација но може да се замени и во одредени ситуации. Исто така со климање на главата на страна можеме да најавиме дека некого го слушаме, а со климањето му даваме знак дека треба да се остави да зборува. Разликите во движењето на главата помеѓу мажите и жените се доста воочливи.

Најизразените невербални комуникациски знакови се движења на телото. Гестикулацијата служи за илустрирање, изразување на обичајни знаци, изразување на емоции, изразување на личноста и потполнување на религиски ритуали.
Кога сакаме да оставиме добар впечаток на линоста која ни се случува очите ќе ни бидат подувани, мускулите ќе ни бидат стегнатаи а долната вилица опуштена.

Жените се играаат со косата додека машките ја стегаат краватата, го допираат увото и носот или пак прават исто како и жените.

Неспорен е фактот дека ставот е најдоверливиот индикатор за испитување на сигурноста. Врз основа на држањето на личноста може да се утврди каков темперамент, распожение како и каква е нејзината личност.

Опуштениот став кој го следи наслонувањето во страна како и асиметричната положба на раката и ногата покажува дека ја сметаме личноста покрај која стоиме како еднаква.

Исто така со наслонување кон некој покажуваме симпатии.

Улогата на просторот и допирт во комуникацијата

Науката која се занимава со проучување на просторот во комуникацијата се нарекува проксемика. Овој термин се користи кога се споменува просторната одалеченост помеѓу два соговорника.

Исто така постојат четири зони на користење на просторот а тоа се:

1. Интимна зона. Интимната зона ја сочинуваат гушкањето и непосредниот телесен допир.

2. Персонална зона. Ова одалеченост ја одржуваат личностите кои добро се познаваат.

3. Општествено консултантска зона. Вообичаената дистанца помеѓу луѓето кои заедно нешто превземаат. Во оваа зона нема допирања но контактот со очите е најитензивен.

4. Јавна зона. Комуникација на формален карактер.

Завземајќи еден спрема друг одредена положба, учесниците во комуникацијата го изразуваат постоењето на одреден меѓусебен социјален однос.

Latest

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Newsletter

spot_img

Don't miss

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Уметничкиот центар ПОЛИФОНИЈА со несекојдневна програма во рамки на Скопско Лето.

21ви Јули со почеток во 21 часот "Македонски шлагери, стари...
spot_imgspot_img

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници кои го олеснуваат животот и особено работата. Бизнис трансофмацијата се забрза, предизвикувајќи големи промени во...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и седумкратниот освојувач на најголемата титула во бодибилдинг, Мистер Олимпија. Сепак, дали знаевте дека Арнолд Шварценегер стана...

ИСКРЕНО СО: Симона Николова – за дискриминацијата, менталитетот и патот до успехот за кој сонува и го остварува

FLIP: Како си?! Симона Н.: Здраво пред сè. Јас сум одлично, благодарам. Чест ми е и задоволство што повторно одговарам на ваши прашања. Не ѝ...

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

error: Content is protected !!