Неверојатно! Направете огромна промена во вашето тело со конзумирање на само две овошки од овој вид на дневно ниво!
Оваа овошка е преполна со витамини, минерали и корисни киселини. Тие се извор на витамин А и преполни се со витаминот кој е познат како ретинол. Освен тоа што го чува здравјето на очите, помага во одржување на имуносистемот, здравјето на кожата и помага на организмот да се избори со штетните бактерии.
Ги зајакнува крвните садови и срцето
Во свежите кајсии има малку калиум за разлика од бананите а сувите кајсии се рекордери по содржина на овој микроелемент. Поради тоа ова овошје е идеално да го сместите во својата летна исхрана. Со количество од 100 до 150 грама кајсии дневно можете значително да ги намалите ризиците од болести на кардиоваскуларниот систем и да го намалите нивото на таканаречениот лош холестерол во крвта.
Кајсијата бидејќи спаѓа во група на овошја кои се богати со влакна значително помага при намалување на холестеролот што значи дека го штити вашето срце. Калиумот кој го содржи оваа овошје, го одржува здравото ниво на електролити и му помага на срцевиот мускул. Две кајсии дневно се сосема доволни за да го подобрите вашето здравје.
Го штити црниот дроб
Конзумирањето на кајсии се препорачува на оние кои сакаат да го ревитализираат својот црн дроб.
Го намалуваат оксидативниот стрес
Благодарејќи на големата количина на витаминот Ц и токоферол, свежи и сушени кајсии имаат силно изразен антиосидативен ефект. На наша среќа антиоксидантите на кајсиите делуваат не само во корист на кожата туку го ублажуваат и оксидативниот стрес во ќелиите на целото тело.
Ги зајакнуваат коските
Калциумот коако материја е одлично корисен за развојот на коските. Добро да се знае дека без доволно калиум, калциумот не може правилно да се апсорбира во организамот, а добрата вест е дека кајсиите и него го содржат во големи количини.
Го чуваат здравјето на кожата
Витаминот Ц и А прават одлична комбинација која гарантира совршено здрава кожа.
Дали знаете дека антиоксидантите на ова здраво овошје го редуцира процесот на стареење?
Го стимулира варењето
Независно дали станува збор за суви или свежи тие претставуваат одличен извор на влакна. Ретинолот кој се наоѓа во кајсиите многу лесно се топи и се разградува во организмот, а важните нутритиенти лесно се апсорбираат. Масните киселини се разградуваат лесно се грижат за здравјето на системот за варење.
Одлични се за сончање
Кајсијата е богат извор на витамините А, Е, Б и Ц како и фосфор, калиум, калциум и магнезиум. Содржи и бета каротин за што зборува и нејзинаат портокалова боја. Бета каротинот од кајсијата ја чува кожата, а осебно од изгорениците па затоа е пожелно да се јадат кајсии доколку сакате да се сончате. Тоа е и причина поради што многу креми за сончање содржат бета каротин.
Помагаат во слабеењето
Кајсиите се пријатели на секоја девојка која води диета поради својата способност лесно и брзо да ги отстранат вишокот на вода од телото и го подобрат варењето. Меѓутоа ефектот на диетата со кајсии многу е лесно да се пропушти ако ги јадете во поголеми колични.