Не губете храброст. Животот е многу краток но за најважните работи секогаш има време. Не постои само еден момент, една прилика, една можност. Ако некоја можност пропуштите ќе ви се укаже нова.
Можеби чуствувате притисок да побрзате да се пронајдете себе си, да ги остварите вашите сонови, да направите илјада убави работи но тоа не значи дека секогаш мора да брзате. Кога брзате ризикувате да претрчите преку животот и да го промашиме она суштинското. Потребно е да застанете, земете здив и бидете тука, да почуствувате и да анализирате. Кога стоите и анализирате во одреден момент, одеднаш ќе ви биде јасно дека времето не постои.
Не поминува времето туку ние поминуваме. А кога сте смирени, присутни, опуштени, и фокусирани, не би се случило да пропиштите некој детал. Со таквиот начин на однесување, со текот на времето нема да впиваме, ќе станеме поголеми и времето поспоро ќе минува. Пуштете ја вашата душа да го превзеде водството, ослободете се и дозволете да ве исполни. Љубовта ве држи на овој свет па дури и кога пловиме во немирно море таа претставува временското сидро. Нека љубовта ве преземе па ќе знаете дека не мора ништо да направите за да го остварите сетоа она што го посакувате.
Ништо не ви недостастува. Имате се. Имате бесконечна длабочина на срцето, имате ширина на умот тоа да го спознаете, имате раце да го гушнете целиот свет и насмевка со која се огледувате во сонцето и ѕвездите.
Не е важно колку долго сте овде и колку уште имате време. Можете да бидете се што сакате. Имате време да сфатите што е тоа што го посакувате најмногу, која е потребата на вашето битие која ве довела во одреден момент и во одредена преодна состојба. Не мора веднаш да дознаете се. Можете да октривате постепено, да се играте, да се пронаоѓате себе си во се што ве опкружува. Не морате да се занимавате со магија за да би случило чудо.
Секогаш има време уште нешто да научите, откриете, разберете, дознаете или промените. Секогаш можете уште малку да се промените, да се гушнете себе си, да ја фатите за рака и да ја повлечете онаа личност која е пред вас. Да го споите минатото и иднината во својата сегашност, во својата моќ да се сакате себе си, својот живот, своето време итн.
Имате време да ги излечите траумите, болките и повредите кои ги носите во себе. Секогаш можете да одлучите и да ги пуштите и да се соочите со празнината која ќе остане позади нив. Бидејќи тоа е она од што се плашите. Ако го пуштите она што го познавате макар и тоа да биде само болка, копнеж или разочарување што ќе остане после тоа? Но празнината не е страшна, тоа е само чист простор кој можете да го исполните само со себе, со се она по што треба да посегнете и да го внесете во својот живот. Но некогаш и не морате да внесете ништо, можете да уживате во едноставноста и во мирот на празнината.