Ова се јасни сигнали дека е време да му свртите грб засекогаш на вакво машко.
Многу жени, заслепени од емоции, честопати не забележуваат дека го живеат својот живот покрај токсичен партнер односно машко кое ги гуши нивните амбиции и не им дозволува да го живеат животот во целост.
Некои мажи се толку вешти што едноставно е невозможно да се разбере дека сме во канџите на манипулаторот. Тие знаат како да ги држат жените во свои раце и да ги убедат дека нема подобар избор од него. Психолозите и експертите за врски откриваат 4 јасни знаци дека споделувате живот со токсична личност и дека вашата врска е осудена на пропаст.
Ако забележавте некој од овие знаци, време е да се збогувате со него засекогаш:
1. Не сте сигурни дали вашата врска е „здрава“
Кога ќе се појави дури и најмалиот црв на сомнеж, тоа е знак на тревога. Ако не сте целосно сигурни дека се чувствувате среќни и сакани покрај таа личност, тоа значи дека тој не е за вас.
Ако немате исти погледи на светот, тоа е знак на тревога, нагласуваат психолозите. Не е дека треба да бидете како близнаци, но мора да имате некои заеднички карактеристики. Доколку не постојат, таквата врска е осудена на пропаст. Врската во која се цени само неговото мислење и се ценат само неговите ставови, е апсолутно нешто што треба да се прекине што е можно побрзо.
2. Чувствувате доза на вознемиреност и потреба да се докажете кога сте покрај него
Ако не се чувствувате добро со вашиот партнер или често сте мета на неговата критика, сосема е јасно дека тој не е вистинскиот. Вистински маж е таму за да имате потпора и ветер одзади кога не оди се одлично, и во никој случај тој што ги гледа само вашите маани.
3. Се чувствувате како да не сте истата личност
Како по правило, ваквата „љубов“ започнува многу брзо и за неколку дена чувствувате дека сте толку приврзани за вашиот партнер, што мислите дека нема да можете да направите ништо без него.
Тој станува центар на вашиот свет, и само вие вложувате во таа врска. Ако за момент почувствувате дека се губите во врска, слушајте го вашиот инстинкт и прекинете ја таа врска.
Вашата желба да ја задржите саканата личност е разбирлива и природна, но по која цена? Размислете повторно, дали вреди да се откажете од себе?