Денеска многу брендови произведуваат кожни продукти од веганска кожа. Сепак, поголемиот дел од овие произведувачи како замена за животинска кожа, користат материјали кои се произведуваат со преработка на пластика.
Мексичкиот бренд Desserto дојде до револуционерно решение – кожа од кактус.
View this post on Instagram
Кожата добиена од кактус е потполно органска и cruelty free. Desserto е прв бренд на пазарот кој ја користи ова кожа и голема е веројатноста дека кожата од кактус ке најде примена во повеќе индустрии на пазарот.
Adrian Lopez Velarde и Marte Cazarez , основачи на брендот Desserto, прв пат кожата од кактус ја промовираа минатата година на саем за кожни производи во Милано. Покрај тоа што е органска, исто така е и биоразградлива. Нивната кожа е доволно мека, а сепак издржлива, така што може да се користи за модни додатоци, облека па дури и за мебел.
View this post on Instagram