Како дојде до 8-часовно работно време?

Слични

Филмот „Тома“ достигна половина милион гледачи за три недели

Филмот „Тома“ достигна половина милион гледачи за три недели. По...

Интересни факти за Никола Тесла за кои можеби не сте знаеле

Интересни факти за Никола Тесла за кои можеби не...

Дали Третата светска војна е духовна војна?

Дали Третата светска војна е духовна војна? Не се потребни...

ОБИЧЕН ЧОВЕК

Ветрови, ме грабнавте кога душата ја пратив на чистење, срцето на...

Сподели

Како дојде до 8-часовно работно време?

Осумчасовниот модел на работа сè уште не е актуелен во светот. Од каде е тоа непишано правило за работно време од 8 часа?

Вистинска идила

И уште подобро: повеќето компании овозможуваат флексибилност во одреден период од денот. Замислете, да станете наутро, да го шетате кучето, да појадувате, да одите на базен, на пример. Или, само спиете подолго.

Потоа одите на работа свежи и токму кога мислите дека целата концентрација е исчезната со виорот, гледате во часовникот  и — тоа е тоа. Можете да излезете надвор. Не знам дали е глобален феномен, но во канцелариите каде што престојував, периодот од 3 до 5 часот попладне е секогаш најкритичен. Сите оние намуртени лица и пишување што полека се претвора во удирање на тастатурата… Но, некогаш, поточно пред цел век, осумчасовната работа беше луксуз и идеја што промени сè во умот на тогашниот работник.

Битката беше долга и тешка

Тоа беше во 1817 г. Луѓето, за оскудни плати, главно работеа онолку колку што ги „држеа“ нозете. Така и си ги обезбедуваа основните средства за егзистенција — леб и покрив над главата. Работеа речиси цел ден, од изгрејсонце до зајдисонце, шест дена во неделата. Потоа се појави човек кој се осмели да го предложи неверојатното: работен ден скратен од 17 на 10 работни часа, вклучувајќи и двочасовна пауза за појадок и за ручек. Неговото име беше Роберт Овен. Подоцна Маркс и Енгелс се приклучуваат на редовите на утопистичките социјалисти.

Војната за тој ден сепак не помина без проблеми. Навикнати на маскиран феудален систем, сопствениците на фабрики и другите работодавци не се откажаа така лесно. И Роберт Овен не се откажа. Додаде повеќе барања на неговата листа:

  • забрана за работа за деца помали од 10 години,
  • организација на градинки и основни училишта за граѓани,
  • хуманизација на работни населби и
  • формирање производствени задруги.

Во истата година, Овен започна кампања под следниов слоган:

„8 часа работа, 8 часа рекреација, 8 часа спиење!“

Ваквата драстична идеја, се разбира, наиде на отпор, но и на симпатии кај многумина. Иако овие барања не беа имплементирани веднаш, голем дел од работниците се приклучија кон движењето. Поради тоа, голем број работодавачи донекаде ги променаа работните услови за своите вработени на подобро. Во 1847 година мнозинството од работодавачите прифати правило за забрана за работа на жените и децата подолго од 10 часа.

Беа потребни уште 40 години за Конгресот на Британската трговска унија да ја прифати крајната визија за осумчасовна работа. Тоа беше под притисок на лигата за осум часа, предводена од Томас Ман, уште еден Британец и борец во индустриската револуција што овозможи да „живее“ визијата на Овен.

Народот победи

Од другата страна на океанот се случуваше истото. Првата првомајска парада се одржа во 1886 г., кога околу 350 000 работници излегоа на улиците да протестираат и да бараат осумчасовен работен ден. И тие победија. Делумно. Фабриките полека почнаа да прифаќаат нови услови и да се приспособуваат на барањата. Сепак, експлоатацијата на луѓето беше сè уште легална и дури во 20 век овие правила и заштитата на работниците беа ставени на хартија.

Првиот чекор го направи компанијата Форд Мотор (Ford Motor Company), која не само што го направи стандардното осумчасовно работно време туку и ги зголеми двојно дневниците. Продуктивноста и посветеноста на работниците пораснаа толку многу што за неколку години годишниот профит на компанијата исто така се удвои. Примерот оживеа, а останатото е историја. Многу компании почнаа да го следат моделот на Форд.

Повеќе од еден век по првата иницијатива на Овен, поточно 120 години подоцна, осумчасовното работно време е стандардизирано во западниот свет. Работната недела сега официјално брои 40 часа, а прекувремената работа се наплаќа дополнително (барем така велат). Голема победа.

Сепак, од тој момент помина цел век, а ние сè уште сме на иста страница, иако технологијата се разви до тој степен, што освен производството денес и на крајот на 19 век, нема друга сличност. Што ни кажува тоа? Шведска понуди одговор. Сега ни треба само еден утопист за да го пренесеме.

error: Content is protected !!