in

Од Куманово до врвот на францускиот ракомет: Како Јована Кипријановска го совладува секој клубски предизвик и ја одржува врската со домот?

Јована, започнавте одлично во францускиот шампионат со Ле Самбр Авенуа. Како успевате да го одржите високото ниво на игра во една толку компетитивна лига?

Многу сум среќна што сум дел од една од најсилните лиги во светот и максимално се ангажирав да се подготвам за оваа сезона. Со напорни тренинзи, добра анализа на противниците успеавме да дојдеме до првата победа и се надевам дека ќе продолжиме да редиме победи.

На натпреварот против Сен Аман постигнавте 5 голови од 5 обиди. Како го доживувате успехот и вашата улога во тимот?

На овој натпревар навистина покажавме една убава слика за нашиот тим. Сите дадовме свој придонес и тоа донесе успешен резултат. Многу сум среќна што имав голем удел во оваа победа и тоа ме мотивира да продолжам уште подобро.

По долго време во странство, како го доживувате животот надвор од Македонија? Се чувствувате ли носталгично за Куманово и за времето кога игравте во македонските тимови?

Дома е секогаш најубаво и нормално дека многу ми недостига. Животот во Франција е многу поразличен од тука, но добро е што живеам во мало место и успеав да се адаптирам полесно.

Кога ја напуштивте Македонија и заминавте за Франција, што ви беше најтешко? Кои се моментите од вашиот роден град Куманово кои најмногу ви недостигаат?

Најтешко ми беше да си одам од дома, од фамилијата, друштвото, дечкото… Цел живот ми е овде и морав да го оставам за да се подобрам во тоа што го работам. Куманово секогаш ќе има посебно место во моето срце, атмосферата во градот, луѓето, храната, за мене тоа е место што ми носи мир.

Како успевате да се справите со далечината од вашето семејство и пријатели? Кои се моментите од домашната култура кои најмногу ги чувствувате кога сте во странство?

Се слушаме често на видео, си пишуваме и кога имаме слободно време го користиме да се видиме. Топлината на луѓето е многу поразлична таму, таму луѓето се ладни и многу поразлични од Македонците.

Покрај настапите за Ле Самбр Авенуа, вие сте и дел од сениорската женска репрезентација на Македонија. Како успевате да го балансирате учеството во клубот и репрезентацијата, и каква е разликата во подготовките за натпревари на клубско и репрезентативно ниво?

Клубот доаѓа како работа и многу е поразлично чуството од кога играш за репрезентација. Кога играш за државата емоциите, притисокот се многу поголеми, но сепак кога си на терен многу повеќе уживаш. Со репрезентација секогаш си ограничен колку време имаш за подготовки и многу поголем фокус е тактички и да се вооиграме што побрзо, а сo клубот си цела година така да има простор за многу појаки тренинзи физички и тактички.

Вашата висина и позиција на десен бек ве издвојуваат како значаен играч на теренот. Како ги развивте вашите физички способности и како тоа влијаеше на вашата кариера?

Да се биде левак во ракомет е голема предност и додатно на тоа и добра висина за бек. Се трудам да се подготвам физички што подобро за да ги искористам сите мои потенцијали максимално.

Како ја одржувате вашата ментална и физичка форма во текот на долгата сезона? Кој е вашиот омилен начин да се релаксирате и да се вратите во форма по интензивен натпревар?

Физичката форма ја оддржувам со кондиционите тренери во Франција и Македонија кои ми помагаат на што да се фокусирам и што да подобриме. Еден период работев и со псиохолог кој ми помогна ментално да сум појака и сега се трудам и самата да работам многу на тоа.

Кога ќе се вратите дома, кои се првите работи што сакате да ги направите во Куманово? Дали имате омилено место каде што се релаксирате и повторно се поврзувате со своите корени?

Најпрвин сакам да одам дома, да јадам заедно со брат ми и родителите, а потоа гледам да се организирам со другарките да испиеме кафе заедно. Немам некое специфично место што ми е омилено, мислам дека во Куманово има места за секој вкус така да гледам да менувам и да испробувам нови места.

Што би советувале младите ракометарки од Македонија кои сонуваат за интернационална кариера? Кои квалитети се најважни за успех надвор од границите на нашата земја?

За жал во Македонија младите немаат некои предобри услови за тренирање, но ако се решат дека сакаат да го прават ова професионално тогаш ќе мораат да се залагаат и да бараат совети од сите тренери што се тука, да работат на физичка снага и сами да грабаат што повеќе. Во нашата држава нема систем по кој да се работи како што е на пример Франција, секој клуб работи различно во Македонија, некаде подобро некаде полошо, но ние самите кога ќе сфатиме дека можеме да го правиме ова професионално тогаш треба да се вложиме максимално во тоа.

What do you think?

Avatar photo

Written by Flip

Гробиштата на црвените телефонски кабини во Carlton Miniott – Носталгичен одек на британската историја

Шампионско дефиле низ скопските улици: Заедно за побезбеден сообраќај!