ОБИЧНИ ЛУЃЕ:

Шампионот Емил Цветанов – ни ја најавува наjголемата XCO MTB UCI 1 велосипедска трка во Македонија

Низ годините во Куманово преку основоположникот на велосипедизмот Емил...

Одлични совети за секоја успешна жена

Многу успешни жени во своите средни години немале многу поддршка кога започнувале кариера и се учеле сами за се и сешто па на тој начин секоја од нив го преживувала на некој тежок начин. Подолу во текстот ќе ви ги прикажеме предлозите кои сте требале да ги знаете пред десет години и тие се одлични совети од успешни жени и од нивното искуство.

Бидете верни пред се на самите себе си

Лојалноста и верноста се на врвот на листата на предности кои успешните жени ги негуваат и развиваат. Но за да бидете и лојални на компанијата, деловните партнери, клиентите, да бидете посветени и верни во партнерските односи мора да бидете пред се верни на самите себе. Тоа не значи да се биде секогаш доследен.

Понекогаш значи да се увиди личнта тврдоглавост и да се предупредите на погрешните чекори со усвојување на некоја нова стратегија и некое позитивно однесување кое не ви било блиско во тој момент а не е ни дел од вас. Кога не верувате во себе туку настојувате да давате на другите она што го сметат дека тие го очекуваат вие се трудите да бидете како некој друг, се изневерувате себе си и тоа ќе ви донесе само фрустрација , страдање и горчина.

Превземете финансиски ризик

Бидете самостални и научете како да управувате со парите. Не само да ги стекнувате туку со нив и да ракувате на паметен начин. Тој дел од животот веројатно го запоставувате а неопходно е да му посветите внимание и љубов и кога ќе остварите здрава и стабилна врска со парите никогаш нема да живеете во сиромаштво.

Зајакнувајте ја љубовта кон себе секој ден

Ставајте се себе си на прво место, бидете нежни спрема себе , опростувајте си себе си, прашајте што можете да сторите за себе секој ден и почнете тоа да го практикувате. Сите добри избори и паметни чекори доаѓаат од љубовта спрема себе, и од вистинската грижа за својата благосостојба. Кога работите за она што го сакате и она што ви одговара, таа пријатност и добродетел пренесувајте ја и на други луѓе околу себе.

Престанете да се грижите што мислат другите за вас

Тоа е дел од љубовта спрема себе – поставете си граница во односите со луѓето. Она што тие го мислат се однесува на нив а не на вас. Нивните мисли, заклучоци, осудите и акциите се нивна одговорност а не ваша. Овозможете им да ја превземат таа одговорност како што и вие ја превземате вашата и нека се соочат со последиците на своите мисли и дела како што и вие самите се соочувате.

Забележете го она поради што и другите ќе ви бидат благодарни

Сигурно влијаете на луѓето колу себе, а особено ако сте по професија некој кој доаѓа во контакт со многу луѓе, ако пишувате, давате совети и ако сте внимателен пријател и партнер. Посветете внимание на она поради што другите ви се благодарни.

Доживејте ја суштината на она што го посакувате сега

Секој момент можете да одлучите да го избришете минатото, да ја креирате иднината и да уживате во животот кој ви е даден. Живејте ја својата сегашност како да е она што сте го одсекогаш посакувале, чуствувајте се добро во својата кожа, почуствувајте ја смислата на својот живот. Не го држете фокусот на стварите кои сакате и кои не сте ги уште постигнале туку на оние кои ги имате и умеете да управувате со нив.

Оправдано е некогаш да се откажете

Имате право некогаш да се откажете од некои проекти, деловни потфати, цели, чуства и да сфатите дека сте сториле се што сте можеле и ако тоа не било доволно за да ви донесе посакуван резултат, можеби сте поставиле погрешни цели. Откажете се од проектите и односите кои ве исцрпуваат и ве вртат во круг и почнете нешто друго, со различен пристап и на нов начин.

Способни сте за се и сешто

Се сомневвате во вашата способност, компетенции и храброст? Осудете се и ќе видите дека можете да го постигнете се она што го посакувате бидејќи сте за тоа способни и поради тоа сте тука каде што сте. Секој работи и греши а воедно се учи па таквите подвизи се дел од секој животен процес.

Latest

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Newsletter

spot_img

Don't miss

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Уметничкиот центар ПОЛИФОНИЈА со несекојдневна програма во рамки на Скопско Лето.

21ви Јули со почеток во 21 часот "Македонски шлагери, стари...
spot_imgspot_img

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници кои го олеснуваат животот и особено работата. Бизнис трансофмацијата се забрза, предизвикувајќи големи промени во...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и седумкратниот освојувач на најголемата титула во бодибилдинг, Мистер Олимпија. Сепак, дали знаевте дека Арнолд Шварценегер стана...

ИСКРЕНО СО: Симона Николова – за дискриминацијата, менталитетот и патот до успехот за кој сонува и го остварува

FLIP: Како си?! Симона Н.: Здраво пред сè. Јас сум одлично, благодарам. Чест ми е и задоволство што повторно одговарам на ваши прашања. Не ѝ...

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

error: Content is protected !!