Скоро и да нема девојка, жена, мајка, кралица – кои не ја следеле познатата серија – Сексот И Градот.
Серијата што нè натера да се замислиме во улогите на Кери, Саманта, Шарлот и Миранда и да споделиме неколку емоции со нив, остана во нашите убави спомени. По снимањето на серијата и со многу повторувања на авантури, како и двата долгометражни филма што следуваа, помисливме дека тоа е крајот. Но, на задоволство на многумина, официјално е познато дека оваа хит серија наскоро ќе се врати на малите екрани! Доколку ги промашивте Sarah Jessica Parker, Kristin Davis и Cynthia Nixon, ќе имате задоволство да присуствувате на нивниот собир, со видното отсуство на Kim Cattrall.
Под наслов „Just Like That …“, продолжението ќе содржи 10 получасовни епизоди, преку кои трите омилени дами уште еднаш ќе ве запознаат со светот на сложената реалност и пријателство што сега влезе во петтата деценија. Сите три актерки го објавија истиот наслов на своите социјални мрежи, а Кери го додаде својот познат „Не можам да не се прашувам … каде се сега?“.
Спремете се за вашиот омилен серијал!