ОБИЧНИ ЛУЃЕ:

Шампионот Емил Цветанов – ни ја најавува наjголемата XCO MTB UCI 1 велосипедска трка во Македонија

Низ годините во Куманово преку основоположникот на велосипедизмот Емил...

Онлине купување: Предностите и недостатоците

Пред да се случи пандемијата многу луѓе беа скептици по прашањето на онлине купување, но сега тоа го правиме сосема нормално и е дел од секојдневието. Но дали знаете што е најважно и на кои работи треба да внимавате кога купувате онлине.

Секако дека постојат предности но постојат и недостатоци при купувањето на интернет па затоа ние ке ви помогнеме да обрнете внимание на следниве работи:

Предности на купувањето ONLINE
Штедење

Многу онлајн продавници имаат и свои вистински продавници. Во повеќето случаи, купувањето преку Интернет е со попуст, а за поголеми износи може да биде значителна сумата.

Пребарување

За да купите производ во класична продавница, честопати ќе потрошите многу време да талкате низ полиците и да барате што ви треба. Многу е полесно и побрзо на Интернет – скоро сите онлајн продавници имаат вградени алатки за пребарување и со внесување на основни термини за некој производ, автоматски ќе ја пронајдете таа ставка доколку е понудена.

Информации

Преку Google, можете да најдете скоро сè што е поврзано со бараниот уред, да ги прочитате искуствата и оценките на тие што го имаат тој производ а можете и да ги споредувате цените во другите продавници.

Работно време

Со онлајн продавниците, не мора да се грижите дали доцните за купување , дали е празник – тие работат секој ден од годината, 0-24ч. Можете да купувате од вашиот телефон , таблет , додека го пиете утринското кафе, слушате музика, за време на пауза на работа или пред да си легнете да спиете.

Испорака

Со онлајн купување се е лесно вашата пратка ја добивате на домашна адреса без никакво малтретирање.

Недостатоци од купувањето Online
Интеракција со производот

Тешко е да се разбере како навистина изгледа производ кога купувате преку Интернет. Имате само основни иформации, слики на производи и можеби видео. Некои веб-страници нудат и 3D преглед што ви дава поголема визуелизација на продуктот. Понекогаш производот ќе изгледа поинаку отколку што сте го замислиле.

Начин на плаќање и дополнителни трошоци

Повеќето продавачи на Интернет сакаат плаќање при нарачка. Тоа се прави преку вашата кредитна картичка или уплата преку банковна сметка. Повеќето онлине продавници прифаќаат кредитни картички Visa, American Express и Mastercard. Тука постои можност за кражба на идентитет, но само ако купувате од непроверени страници, страниците што немаат јасно наведени безбедносни гаранции не користат безбедносен сертификат.

Чекајќи испорака

Некои локални проблеми исто така може да доведе до задоцнување на производот на вашата адреса. За луѓето кои се нетрпеливи, ова може да биде голем недостаток во користењето онлајн продавници. Ако нарачате производ од веб-страница што никогаш порано не сте ја користеле и се чини дека поминало многу време и предметот сè уште не ве достигнал, можни се дополнителни фрустрации. Станувате загрижени дека веб-страницата можеби не е легитимна.

Ве советуваме пред да купите нешто онлине добро проверете ги следниве информации:

1. Трошоци за испорака
2. Цена на царината
3. Коментари од други клиенти
4. Датум на испорака
5. Заштита на лични податоци

Во светот на онлине купување има големи предности но исто така и недостатоци, сепак бидете одлучни и пробајте да купите нешто онлине. Нашиот партнер Има Попуст ќе се погрижи овие недостатоци да ги замени со позитивни искуства а вие ќе станете дел од многуте задоволни потрошувачи.

Latest

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Newsletter

spot_img

Don't miss

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Уметничкиот центар ПОЛИФОНИЈА со несекојдневна програма во рамки на Скопско Лето.

21ви Јули со почеток во 21 часот "Македонски шлагери, стари...
spot_imgspot_img

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници кои го олеснуваат животот и особено работата. Бизнис трансофмацијата се забрза, предизвикувајќи големи промени во...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и седумкратниот освојувач на најголемата титула во бодибилдинг, Мистер Олимпија. Сепак, дали знаевте дека Арнолд Шварценегер стана...

ИСКРЕНО СО: Симона Николова – за дискриминацијата, менталитетот и патот до успехот за кој сонува и го остварува

FLIP: Како си?! Симона Н.: Здраво пред сè. Јас сум одлично, благодарам. Чест ми е и задоволство што повторно одговарам на ваши прашања. Не ѝ...

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

error: Content is protected !!