Ослободете се од првутот со овие намирници!
Првутот обично се јавува како резултат на сува кожа или состојба на кожата наречена себореичен дерматитис.
Првутот може да биде предизвикан и од егзема, псоријаза или габични заболувања.
Шампоните против првут може да бидат многу ефикасни, но понекогаш и штетни. Затоа е подобро да користите природни начини кои многу брзо ќе го отстранат првутот.
Кокосово масло
Пред да ја измиете косата, ставете 3-5 лажички кокосово масло и добро втријте го во прамените на косата. Кога ќе го нанесете, оставете го еден час, а потоа измијте ја косата со обичен шампон.
Маслиново масло
Измешајте две лажици маслиново и една лажица бадемово масло. Внимателно нанесете на главата и добро втријте во конците. Оставете да делува 15 минути, а потоа измијте ја косата. Смесата можете да ја подготвите и од маслиново масло и рузмарин. Во една лажица маслиново масло ставете 10 капки масло од рузмарин. Внимателно нанесете ја на косата и добро измасирајте ги прамените и косата. Нанесете го овој крем пред спиење и оставете преку ноќ, наутро измијте ја косата.
Јаболков оцет
Измешајте 60 ml вода со 60 ml јаболков оцет, смесата ставете ја во шише со распрскувач. Потоа испрскајте ја косата, завиткајте во крпа и оставете 15 минути до 1 час. Потоа измијте ја косата со благ бебешки шампон. Овој третман можете да го користите не повеќе од два пати неделно.