ОБИЧНИ ЛУЃЕ:

Шампионот Емил Цветанов – ни ја најавува наjголемата XCO MTB UCI 1 велосипедска трка во Македонија

Низ годините во Куманово преку основоположникот на велосипедизмот Емил...

Откријте какви се хороскопските знаци како пријатели

Откријте какви се хороскопските знаци како пријатели .

Оние кои се занимаваат со астрологијата велат дека хороскопскиот знак влијае и на тоа каков пријател ќе биде некој. Веруваме дека следниве описи на најдобри пријатели засновани на хороскопски знаци барем малку ќе ве забавуваат, а кој знае, можеби дури и во нив ќе го препознаете вашиот најдобар пријател.

И еве што можете да очекувате од вашата најдобра пријателка врз основа на нејзиниот хороскопски знак:

ВЕРЕН ОВЕН

Најдобрата пријателка родена во овој знак е онаа на која прва ќе и се јавите доколку се наоѓате неволја, таа никогаш нема да го одбие вашиот повик за помош и ќе остане со вас во која било мака во која ќе се најдете.

ИСКРЕН БИК

Ако вашата најдобра пријателка е бик, тоа значи дека таа знае како да го одржува и негува пријателство. Биковите сакаат убави работи, па затоа ќе ве размазат со добра музика и храна и секогаш се подготвени за добра журка за озборувања.

КОРИСЕН БЛИЗНАК

Советот што ќе ви го даде вашата најдобра пријателка родена во овој знак е обично непроценлив бидејќи таа има навика да анализира сè до најмалите детали. Близнаците сакаат да помагаат и не бараат ништо за возврат. Неколку убави зборови ќе бидат доволни за да им објасните дека ви се повредни од златото.

ГОСТОПРИМЛИВ РАК

Ако вашата најдобра пријателка во хороскопот е рак, тоа значи дека таа ве гледа како член на семејството. Раковите се многу посветени на семејството, во кое спаѓаат и пријатели, тие се едни од најпријатните луѓе и се достојни за восхит затоа што кога ви треба разбирање и помош, тие секогаш ќе бидат тука за вас.

ХРАБРИОТ ЛАВ

Ако вашиот најдобар пријател е лав, тоа значи дека сигурно не уживате во мирен живот, но вашиот заеднички живот е проткаен со авантури и возбуда. Вашата најдобра пријателка лавицата, се разбира, обожава да блесне и да биде во центарот на вниманието, но таа е исто така тука за да ви помогне да бидете уште поуспешни отколку што сте и да ви помогнеме кога и да ви треба. Лавот не се плаши ниту од најмоќните луѓе, па затоа е одлично да ги имате со вас.

ЕФИКАСНА ДЕВИЦА

Девиците се можеби најискрените пријатели и добро е да ги имате со вас затоа што тие инстинктивно знаат што точно сакаат да прават и како сакаат да го сторат тоа, а тоа е многу добра одлика кога ви треба помош. Ако го следите советот на вашиот пријател Девица, проблемите ќе ви изгледаат полесни и поподносливи.

ВЕСЕЛА ВАГА

Најдобриот пријател роден во овој знак добро ќе ги разбере сите ваши проблеми. Нејговото големо срце едноставно го охрабрува да ви помогне и да ве теши кога и да ви треба. Понекогаш се чини дека издржливоста на вагата нема крај, а нивното влијание врз луѓето е неверојатно.

ДИНАМИЧНА ШКОРПИЈА

Нема израз „Не можам“ во вокабуларот на најдобриот пријател роден во овој знак. Нејзиното цврсто верување е дека речиси сè може да се направи ако срцето и умот се насочени и во повеќето случаи таа е во право.

ВЕДАР СТРЕЛЕЦ

Ако вашата најдобра пријателка е родена во овој знак, таа гледа на сè како авантура и верува дека она што доаѓа може да донесе уште поголемо задоволство. Покрај тоа, таа е добронамерна и весела, полна со љубов, нежна и ќе остане со вас и во добро и во зло, особено ако добие љубов за возврат.

ПРАКТИЧЕН ЈАРЕЦ

Ако има најдобра пријателка на која можете да и верувате апсолутно и во секое време, тогаш таа е родена во знакот на Јарец. Покрај тоа, таа е љубопитна и секогаш сака да добива одговор на прашањето „зошто“ и има талент за организација, како и можност да го претвори хаосот во ред. Личностите родени во овој знак ќе бидат и ваши најголеми критичари, а кога сакате најдобар совет кога станува збор за пари или работа, никој нема да ви помогне подобро од нив.

ПОЖРТВУВАНА ВОДОЛИЈА

Срцето на Водолија е доволно големо за да го сака целиот свет, а најдобриот пријател роден во овој знак е голем алтруист кој има голема желба да им помага на другите, вклучително и на вас. Водолијата е пребирлива, размислува надвор од рамките и често може да биде погрешно разбрана. На почетокот, можеби мислевте дека вашата пријателка е ладна и без емоции, но кога ја запознавте, добивте мотиватор, советник, личност што ги решава вашите проблеми и која е секогаш спремна да се жртвува за вас.

ВЕРНА РИБА

Можете да научите многу од најдобриот пријател роден во знакот на Риби. Рибите веруваат во иднината и доброто што го носи иднината, што може да има многу стимулирачки ефект врз вас. Рибите се пријатели за кои вреди да се грижите бидејќи кога животот ќе ви стане тежок и мрачен, тие ќе ви помогнат да се вратите во светот на љубовта, романтиката и имагинацијата. Ќе ви помогнат да бидете задоволни од тоа што сте и какви сте. Затоа ценете ја мудроста на најдобриот пријател роден во овој знак.

Latest

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Newsletter

spot_img

Don't miss

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Уметничкиот центар ПОЛИФОНИЈА со несекојдневна програма во рамки на Скопско Лето.

21ви Јули со почеток во 21 часот "Македонски шлагери, стари...
spot_imgspot_img

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници кои го олеснуваат животот и особено работата. Бизнис трансофмацијата се забрза, предизвикувајќи големи промени во...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и седумкратниот освојувач на најголемата титула во бодибилдинг, Мистер Олимпија. Сепак, дали знаевте дека Арнолд Шварценегер стана...

ИСКРЕНО СО: Симона Николова – за дискриминацијата, менталитетот и патот до успехот за кој сонува и го остварува

FLIP: Како си?! Симона Н.: Здраво пред сè. Јас сум одлично, благодарам. Чест ми е и задоволство што повторно одговарам на ваши прашања. Не ѝ...

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

error: Content is protected !!