Таканаречените „ковид пасоши“ ќе се воведат така што граѓаните на ЕУ можат слободно и безбедно да патуваат во рамките на блокот и ќе содржат три работи – доказ за примената вакцина за коронавирус, негативен тест за корона или присуство на антитела кај оние кои имале Ковид. Ова беше денес презентирно од Европска комисија.
Претседателот на ЕК Урсула фон дер Лајен на прес-конференција по состанокот на комесарите потврди дека дигиталните патнички сертификати ќе бидат подготвени до летото.
Ова е инструмент за движење на граѓаните во рамките на ЕУ. Со текот на времето, сакаме да го прошириме овој инструмент во трети земји чии граѓани сакаат да дојдат во Шенген. Веројатно сè ќе биде готово до јуни – беше речено на конференцијата.
ЕК вели дека нивниот предлог за сертификат опфаќа сертификати за вакцинација со вакцини кои се одобрени за користење низ цела ЕУ, но дека земјите-членки можат да одлучат да прифатат други вакцини како услов за слободно патување на нивната територија.
We are proposing to create a Digital Green Certificate to facilitate safe free movement inside the EU during the pandemic.
The certificate will:
✅ Be accessible and secure for all EU citizens
✅ Be non-discriminatory
✅ Contain only essential information#StrongerTogether— European Commission 🇪🇺 (@EU_Commission) March 17, 2021
Сертификатите ќе бидат достапни за сите граѓани на ЕУ, признати во сите земји на ЕУ, ќе бидат бесплатни и ќе се издаваат во дигитален или хартиен формат.
– Нашата намера е да ги искористиме овие сертификати за да им помогнеме на земјите-членки да го вратат слободното движење на безбеден, одговорен и кредибилен начин – рече фон дер Лајен.
Како ќе изгледаат „пасошите“.
Според планот на ЕК, кој во кој „Политико“ имаше увид пред објавувањето и кој беше потврден денес, клучните одлуки сепак ќе бидат за земјите-членки.
Како што е наведено во нацртот, секоја земја што им дозволува на вакцинираните граѓани да ги заобиколат ограничувањата за патување, како што се тестови и карантин, мора да ги прифати „ковид пасошите“ на другите членови „под истите услови“.
Сепак, се додава, таа обврска се однесува само на вакцините одобрени од ЕУ, што значи дека руската вакцина Спутник V и кинескиот Синофарм нема да бидат опфатени, и покрај фактот што тие ги користат некои членки, како што е Унгарија. Сепак, нацртот нагласува дека земјите од ЕУ можат да одлучат да прифатат руски и кинески вакцини по сопствено убедување.
– Ова не треба да ги спречува земјите-членки да прифаќаат потврди за вакцинација издадени за други вакцини – гласи текстот.
Плановите за воведување „ковид пасоши“ исто така предизвикаа загриженост дека невакцинираните патници ќе се соочат со дискриминација. За да се избегне тоа, во дигиталните сертификати, покрај вакцинацијата, ќе биде снимен и негативен тест за корона стар најмалку 20 дена, што сугерира дека патникот има антитела или свеж негативен текст како доказ дека тој во моментов не е заразен.
Во нацртот, исто така, се наведува дека сертификатот „не може да биде предуслов за остварување на правото на слободно движење“ и не може да биде „предуслов за користење прекугранични услуги за превоз на патници, како што се авиокомпании, возови, автобуси или траекти“.
Предлогот на Комисијата вклучува планови за „валидација на интероперативен тест“ за да се подобри прифаќањето на резултатите од тестовите во другите земји на ЕУ, иако „колку долго негативниот тест треба да се смета за валиден“ треба да се утврди во земјите на дестинација.