Отворен е најдолгиот пешачки мост во светот и изгледа неверојатно.
Најдолгиот висечки пешачки мост на светот е отворен во близина на градот Арука, на северот на Португалија.
Мостот се наоѓа на 175 метри над земјата, и е изграден од челични кабли и метални решетки и поставен помеѓу два огромни бетонски столба.
Долг е 516 метри и се наоѓа над кањонот на реката Паива во рамките на националниот парк кој е под заштита на УНЕСКО.
Според Ројтерс, тој е широк 1,2 метри.
Хуго Савиер, кој беше првиот кој доби можност да го помине мостот, призна дека бил малку исплашен, но дека сепак имал уникатно искуство.
– Беше извонредно, наплив на адреналин – посочи тој.
Мостот е отворен само за локалното население од четврток, додека други можат да резервираат посета од понеделник.
Властите и жителите на Аруча, град на околу 60 километри од Порто, се надеваат дека оваа уникатна атракција, чија изградба чинеше околу 2,3 милиони евра и траеше околу две години, ќе помогне во заживување на регионот, особено по разорната пандемија на коронарниот вирус.
Инаку, овој мост се вика „Арока 516“, и го сруши рекордот на најдолг висечки мост за пешаци што од 2017 година го држи висечкиот мост „Чарлс Куонен“ во кантонот Вале на швајцарските Алпи.