Ова е единствениот начин како да израснете силно дете во секој поглед

Слични

Сподели

Ова е единствениот начин како да израснете силно дете во секој поглед

Постојат различни сегменти на зрелоста: емоционална, физичка, морална, социјална и интелектуална. Сите тие се важни во животот на детето. За да станат независни и одговорни луѓе кои имаат свое мислење и став, децата мора да научат да ги совладаат сите животни препреки.

Од родителите зависи дали детето ќе стане независна личност или личност која постојано бара нечие одобрување.

Овие правила треба да ве водат:

1. Помогнете им да изградат самодоверба

Нема потреба да правите сè за вашите деца. Дури и кога се мали, давајте им задолженија: да си изберат облека, сами да тренираат, да врзуваат врвки на чевли и да ја спакуваат чантата со книги за на училиште. Помогнете им додека го прават тоа, но, во никој случај, не преземајте ја целата работа. На тој начин тие ќе станат одговорни луѓе и полни со самодоверба бидејќи знаењето и вештините го зајакнуваат тоа чувство. Ќе научат да се грижат за себе, а во исто време ќе знаат и дека можат да се потпрат на вас ако посакаат.

2. Оставете ги сами да донесуваат одлуки

Самите деца знаат што сакаат, затоа никогаш не избирајте облека наместо нив, спортот на кој ќе одат, хоби по кои ќе се занимаваат. Ако им наметнете мислење, создавате несигурни луѓе кои секогаш ќе бараат одобрување од околината.

3. Не следете ги нивните стапки

Секој родител се плаши да се раздели од своите деца, а моментот кога треба да ги пуштите сами да одат на училиште или во продавница или да ги оставите дома сами неколку часа, е страшен за нив. Сепак, на децата им е потребна слобода и таа лекција да научат да бидат самостојни за да можат полесно да се ослободат подоцна во животот и да се потпрат на своите инстинкти и на самата одлука. Ако сте секогаш покрај нив, тие ќе очекуваат да биде исто и понатаму, во текот на нивниот живот. Деца кои растеле на тој начин подоцна почесто стануваат неуспешни во многу сфери од животот за разлика од другите. Причината лежи во тоа што им наметнавте мислење дека ќе направите сè за нив.

4. Научете ги на самоконтрола

Децата се емотивни, но мора да ги научите да ги контролираат нивните емоции уште од рана возраст. Кога детето ќе почне да плаче или да вика, не чекајте да помине и не гледајте на тоа како на нормална ситуација. Смирете ги и научете ги дека таквите испади се погрешни. Децата кои знаат да ги контролираат своите емоции стануваат зрели луѓе кои не ја губат самоувереноста.

5. Нека знаат колку е важна дисциплината

Научете ги да не одложуваат. Ако имаат домашна работа, објаснете им дека е важно да го сторат тоа веднаш штом ќе се вратат дома за да го имаат на располагање остатокот од денот. Доделете им некои мали обврски што треба да ги извршуваат секој ден и не дозволувајте да ги прескокнат. На овој начин овозможувате детето да стане успешна личност.

6. Не зборувајте во нивно име

Ако се најдете во друштво со некоја личност, дозволете му на детето да комуницира со неа. Ако му се постави прашање, нека одговори. Така се развиваат социјалните и комуникациските вештини. Така, детето ќе биде поотворено во текот на животот, ќе биде полесно да се запознае со луѓето околу него, а чувството на нервоза ќе му биде непознато.

7. Не критикувајте ја секоја нивна грешка 

Дозволете му на вашето дете понекогаш да прави грешки и кога тоа ќе се случи, немојте да му викате. На овој начин ги учите децата дека поразите се составен дел од животот и дека не треба да се плашат од нив.

error: Content is protected !!