Ова е најдобриот рецепт за домашна нутела која е повкусна од куповната.
Покрај тоа што е поздрава, домашната нутела е поекономична отколку индустриска.
Нутелата е еден од омилените кремови на сите генерации, а со овој рецепт нема да ја забележите разликата помеѓу купената и домашната нутела.
Состојки:
- 300 грама сурови лешници
- 100 грама шеќер во прав
- 200 мл кокосово масло
- 100 грама чоколада за готвење
- прст на сол
- 2 лажички екстракт од ванила
- 200 грама млеко во прав
Подготовка:
Истурете ги лешниците во блендерот и мешајте додека не станат кремасти. Додадете ги другите состојки (шеќер и млеко во прав, сол, кокосово масло, екстракт од ванила) и мешајте додека не ја добиете посакуваната текстура.
Растопете го чоколадото за готвење на вообичаен начин (бари на пареа или со малку путер), а потоа додадете во блендерот и мешајте уште неколку минути додека не добиете крем.
Уживајте!