Има нешто посебно кај личностите кои знаат да не наведат да се смееме во секоја прилика независно дали е во прашање излегување на крај со некоја тешка ситуација или во романтични моменти. Хуморот ја разбива напнатоста, помага луѓето да се зближат и претставува начин енергијата да се размени. Ако смислата за хумор е една од најважните животни особини и не можете да замислите да бидете со некој кој не може да ве насмее или кој не ги разбира вашите шеги побарајте партнер помеѓу долунаведените хороскопски знаци.
Вага
Вагите начесто се шармантни, харизматични и забавни и уживаат да бидат во центар на вниманието но не и на егоцентричен начин. Припадниците на овој знак знаат со своите приредби да се опуштат, да се вклучат и да ги забавуваат сите околку себе независно дали зборуваат за некоја анегдота или од својот живот, коментираат некоај ситуација или опишуваат нечији особини. Исто така знаат да се шегуваат на своја смета и воопшто не им смета тоа што другите го работат.
Вагите се во своето најдобро издание избалансирани и интуитивни па својот хумор ќе го прилагодат на публиката. Вагите се добри следачи и уште подобри слушатели и доста вешто се снаоѓаат во зборувањето и нивнат реторика односно нивните остри и саркастички приредби се урнебесни и никогаш злонамерни па ретко се случува некој да се навреди кога вагата критикува и кога се шегува. Со својата енергија вагите знаат да го исполнат секој простор во кој се наоѓаат и кога е на свој терен и во свој елемент станува опуштена, и бесрамна но секако се во служба на хумор и добра забава.
Стрелец
Стрелецот исто така претставува еден од најзабавните знаци бидејќи често се движи, има силен авантуристички дух, непрестано сретнува различни луѓе и влегува во интересни ситуации и преполн е со настани и доживувања. Во секоја сторија Срелецот коментира на комичен и енергичен начин како што никој не очекува па неговата појава ќе биде изненадување и освежување и кога не ви е до ништо. Оптимистичен е и бестрашен, и секогаш низ неговата експлозивна духовитост овозможува да се релаксирате и да ги надминете стресните периоди и како да се видите и себе и стварите околку вас кои ви се случуваат од смешна страна и да сфатите дека не е ништо страшно и озбилно како што изгледа. На тој начин тој ќе ви понуди полна поддршка и ќе ве бодри порачувајќи ви дека имате право да се забавувате и тогаш кога лошо ви оди и не треба да се препуштате на негативноста.
Близнаци
Близнаците се познати по својот ѓаволест хумор, со кој знаат како да ве опуштат во било која напната ситуација и да ја надминат секоја непријатна ситуација и атмосфера. Особено се добри во „пробивање на ледот“ ако треба да запознаете нови луѓе на забава на која никого не познавате или на семејните собирања. Близнаците сакаат да се шегуваат со сите оние кои ги сакаат и тоа одлично го прават па нема да ви преостане ништо друго туку сами да се насмеете па и на сопствената сметка. Близнаците ја видат забавната и смешната страна на сите случувања и ситуации и знаат да ги прикажат на другите па така можат да уживаат и во смешната страна на животот.