Според древната кинеска филозофија, паричникот е најбитна точка од која се тргнува за акумулација на секојдневните приходи.
Доколку обратите доволно внимание на тоа како некој става пари во паричникот лесно можете да дознаете колку пари имаат таа личност во паричникот а нередот во паричникот многу лесно ќе ги акумулира расходите.
Според фенг шуи, згужваните и прекршените пари зборуваат дека таа личност нема доволно пари.
Неорганизираните и неуредни паричници едноставно не можат да привлечат односно да генерираат нови приходи.
Машките обично не сакаат да носат паричници па од таа причина генерално имаат потешкотии со финансиите.
Едно од можните и најважните правила на древната кинеска филозофија е самите себе да си купите паричник бидејќи во тој случај вие управувате со енергијата на парите.
Колку пари имате зависи од бојата на паричникот. Од таа причина не се препорачува паричникот да ви биде во сина боја бидејќи не може да се акумулура богатство од причина што сината боја е бојата на водата а таа неможе да пресуши.
И црвената боја не е препорачлиав бидејќи паричникот во таа боја ќе потроши се што ќе влезе во него освен ако паричникот нема златен детал.
Зелениот паричник овозможува да го зголемите приходот за поголем доход и треба повремено да го носите. За претприемачите е доста добар за да можат полесно да прифатат нови идеи.
Жолтиот паричник собира пари само за некаква забава, а црниот се носи само кога посакувате да ги зголемите приходите во текот на кариерата.