Дали сакате да ги стопирате промените на кожата кои ви доаѓаат со текот на годините? Еве ги најпрепознатливите знаци дека се појавуваат промени на кожата поврзани со стареењето и како истите да ги намалите.
Кожата се менува со годините и сите помалку или повеќе тоа го знаеме. Добиваме брчки, пеги, кожата станува сува, изгледа тенко, и потребно и е време да се регенерира и сл. Сепак не знаеме како и со што да реагираме и на време да ги намалиме овие сигурни знаци на стареење.
Кожата е сува и често се чешаме
Со годините, производството на себуроичниот дерматит опаѓа што може да биде последица од изложување на сонце, надворешни фкатори или храната која ја конзумираме.
Тоа може да претставува и голем виновник за намаленото производство на женски хормони во менопаузата. За да го спречите сушењето на кожата, чешањето и лупењето треба умерената хидратантна крема да ја замениме со поделотворна која би помогнала во создавањето на заштитна бариера, да смирува и да хидрира.
Видливи и испукани капилари
Модринките и испуканите капилари се поврзуваат со стареењето односно за отенување на кожата и изложувањето на сонце. Некогаш се појавуваат и поради лекови. Препаратите со витамин Ц и биофлавоноидите можат да помогнат во овој случај.
Појава на брчки
Појавата на брчки можете да ја спречите со избегнување или заштита од сончевото зрачење. Ако веќе ги имате, можат да ви помогнат препарати со ретинол или третмани кои практикуваат употреба на светло како IPL третман.
Брчите се повеќе се изразени
За да го решите овој проблем секојдневно користете креми со УВ фактор, ретинол и производи со антиоксиданси. За сите останати препарати најдобро е да се консултирате со дерматолог да влезете во замката на рекламите и да користите производи кои не се за вас или самите на своја рака да правите комбинации од производи кои можат да произведат контраефект.
Се почесто се јавуваат сомнежливи промени
Многу видови на болести кои се појавуваат на кожата се последица од претерано изложување на сонце. Секако, има и исклучоци но генерално, колку повеќе сте постари тоа значи дека се повеќе од времето сте го поминале изложени на сонце, па затоа болестите во врска со кожата се почести. Важно е да се каже дека за сите промени на кожата кои ви се јавуваат потребно да се обратите на дерматолог а препорачливо е и еднаш на годишно ниво заминете на превентивни прегледи.
Штитете ја кожата од сонцето
Многу проблеми на кожата се појавуваат затоа што нередновно ја штитите од сонцето кога се надвор. Избегнувајте колко што можете сончање во периодот од 10 до 15 часот, носете облека која го штити телото од сонцето и користете креми со УВ фактор.
Изберете ја вистинската крема
Побарајте крема која одговара на вашата кожа и која содржи фактор 30 или поголем од тоа. Што побргу почнете да ја корисите ќе се одложи оштетувањето кое сонцето го прави на кожата.
Хидрирајте ја кожата редовно
Секој ден нанесувајте богата хидратантна крема. Редовно користете препарат со ретиноид или ретинол а тоа можете да го практикувате секоја вечер или секоја втора вечер доколку кожата ви е чувствителна.
Правилна исхрана
Конзумирајте здрава храна која е богата со антиоксиданси како што е свежото овошје, зеленчукот, јаткастите плодови и не заборавајте да пиете многу вода. Она што го внесувате во организмот е корисно за вашето здравје и за нега на кожата.