ОБИЧНИ ЛУЃЕ:

Шампионот Емил Цветанов – ни ја најавува наjголемата XCO MTB UCI 1 велосипедска трка во Македонија

Низ годините во Куманово преку основоположникот на велосипедизмот Емил...

Овие се трите најголеми женски комплекси

Овие се трите најголеми женски комплекси

Жените, дефинитивно, се најголемите самокритичари, особено кога станува збор за физичкиот изглед.

Секојдневните критики за вашиот изглед воопшто не се во ваша корист и, наместо да ги прифатите вашите несовршености, обично добивате контра ефект.

Прочитајте за трите најголеми женски комплекси и обрнете внимание на советите кои ќе ви помогнат да се ослободите од нив.

1. Премногу сум дебела

Модните трендови ги диктираат моделите од модните писти. Тие, главно, се витките млади девојки чии тела се „пеглаат“ во невозможни размери и се „усовршуваат“ во Фотошоп. Така, женските атрибути одат во втор план. Многу жени мислат дека треба да изгубат неколку килограми и да не чувствуваат дека имаат прекумерна тежина. За тоа размислуваат најчесто пред летото, кога се бомбардирани со огромни плакати со модели од совршени пропорции.

Во реалноста, поголемиот број жени на возраст од триесетина години години не изгледаат така, туку женствено, со повеќе облини, а понекогаш и со неколку килограми вишок, особено во стомакот, задникот и во колковите. Ретки се оние жени кои можат да јадат што сакаат, во кое било време, без да внимаваат на храната и на количината.

Телото се развива низ годините и ретко кој може да остане на ниво на тинејџер. Затоа, „имагинарната“ дебелина е еден од најбесмислените комплекси предизвикани од медиумски измами и искривени перцепции за реалноста. Ова ќе го потврдат и мажите.  повеќето од нив претпочитаат облини, отколку „штици“. Затоа, сакајте го своето тело и не мачете се со вишокот од некој килограм.

2. Моето тело е премногу млитаво и имам тони целулит

Дали би сакале да имате, на пример, задник како Џенифер Лопез или како некој ваш пилатес инструктор? Совршено затегнато тело, без трошка целулит навистина му годи за окото бидејќи изгледа цврсто и здраво, но мал број жени можат да се пофалат со тоа.

Целулитот е резултат на гените, неправилната исхрана и непрактикувањето на  вежбање. Во денешниот начин на живот, со брзо темпо, ретко се поштедени девојките или жените. Се разбира, треба да се обидете да се занимавате со некој спорт, кој ќе го зајакне вашето тело и ќе ги обликува вашите мускули и да се храните колку што е можно поздраво, но ако сè уште не сте задоволни од вашето тело и се чувствувате лошо, запомнете дека тоа не е вашата главна професија.

Витко тело имаат само спортисти кои тренираат по неколку часа дневно, модели чии несовршености се обработуваат на Фотошоп или познати личности кои имаат доволно нерви за да се вклучат редовно во здрава исхрана и вежбаат со поддршка од тренер. Убаво изгледаат познатите личности за кои е задолжена компанија стилисти и шминкери, па претрпуваат трансформација пред излегување пред камери.

Прочитајте повеќе. Нутриционистите советуваат: Овие се петте хранливи материи за подобра функција на тироидната жлезда.

3. Мојот тен е катастрофа

Отворени пори, премногу дамки, премногу бенки, мозолчиња со разни бои и форми… Сето ова изгледа двојно поголемо пред нашите очи во огледало и е позабележливо,  отколку под микроскоп. За среќа, има козметика која може да ни помогне да ги прикриеме нашите малите недостатоци, но понекогаш, особено во летните месеци, на плажите и за време на пливањето, кожата доаѓа до израз во својата природна форма.

Latest

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Newsletter

spot_img

Don't miss

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Уметничкиот центар ПОЛИФОНИЈА со несекојдневна програма во рамки на Скопско Лето.

21ви Јули со почеток во 21 часот "Македонски шлагери, стари...
spot_imgspot_img

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници кои го олеснуваат животот и особено работата. Бизнис трансофмацијата се забрза, предизвикувајќи големи промени во...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и седумкратниот освојувач на најголемата титула во бодибилдинг, Мистер Олимпија. Сепак, дали знаевте дека Арнолд Шварценегер стана...

ИСКРЕНО СО: Симона Николова – за дискриминацијата, менталитетот и патот до успехот за кој сонува и го остварува

FLIP: Како си?! Симона Н.: Здраво пред сè. Јас сум одлично, благодарам. Чест ми е и задоволство што повторно одговарам на ваши прашања. Не ѝ...

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

error: Content is protected !!