Овие хранливи материи се важни за слабеење. Вклучете ги во вашата исхрана
Како што знаеме сите, воопшто не е лесно да се намали телесната тежина. Иако можете да најдете различни модерни диети кои ветуваат брзо слабеење, здравствените експерти наведуваат дека најодржлив начин за губење на вишокот килограми е добро балансирана исхрана и здрав начин на живот.
Урамнотежена исхрана е „диета која ја вклучува секоја основна хранлива материја која му е потребна на телото за добро здравје, превенција од болести итн“. Не постои единствена намирница од храната која може да го снабдува вашето тело со сите основни хранливи материи. Затоа, потребно е да имаме разновидна храна за да бидеме сигурни дека ги добиваме сите потребни хранливи материи.
Има 7 основни хранливи материи кои можат да ви помогнат да изгубите телесна тежина.
Протеини
Ако сакате да вежбате, тогаш сигурно знаете колку е важен протеинот во здравата исхрана. Тие се едни од основните хранливи материи кои помагаат при слабеењето. Вклучете ги во вашата исхрана. Тие нè одржуваат сити долго време и на тој начин ни помагаат да го избегнеме внесувањето на непотребни калории. Некои од најдобрите извори на протеини се: јајцата, мешунките, пилешкото, житарките од цело зрно (овес, црвено просо итн.).
Влакна
Добриот метаболизам помага да се забрза губењето на тежината. Затоа, експертите препорачуваат да внесете доволно количество влакна во исхраната за слабеење за да го стимулирате варењето и метаболизмот, што дополнително го забрзува слабеењето. Некои од најдобрите извори на влакна се јаткастите плодови, мешунките, целите зрна, зелениот зеленчук итн.
Омега3 масни киселини
Ако мислевте дека диетата за слабеење значи да не се здебелите воопшто, тогаш сте во голема заблуда. На телото му е потребна вистинската количина на здрави масти за да функционира добро. За да може телото да се ослободи од салото од стомакот, помагаат омега3 масните киселини. Некои од најдобрите извори на омега3 масни киселини се: рибата, јаткастите плодови, лиснатиот зеленчук итн.
Витамин Ц
На нашето тело му треба детоксикација за да функционира правилно. Затоа, за да се ослободиме од токсините и да ја спречиме штетата што можат да ја направат слободните радикали во телото, потребни ни се потребни хранливи материи богати со антиоксиданси. Хранлива материја богата со антиоксиданси е витаминот Ц. Тој помага да се ослободите од токсините и го забрзува процесот на слабеење. Меѓу најдобрите извори на витамин Ц се вбројуваат портокалите и другите агруми.
Калиум
Студијата објавена во списанието Nutrient покажа дека зголемениот внес на калиум помага да се намали БМИ, а тоа може да помогне при губењето на тежината. Но, тоа не е сè. Калиумот помага и за забрзување на метаболизмот, како важен фактор за ослободувањето од вишокот килограми. Некои извори на калиум се: јаткастите плодови, леблебиите, ленот, гравот и други.
Железо
Дали железото помага и при слабеење? Освен што ја спречува анемијата, оваа хранлива состојка носи и кислород до нашите клетки и мускули, а тоа помага во согорувањето на мастите. Некои од најдобрите извори на железо се: цвекло, ракчиња, сушено овошје итн.
Цинк
Според студијата објавена во списанието Diabetes and Metabolic Syndrome (dmsjournal), зголеменото внесување на цинк со нискокалорична диета може да има корисен ефект врз телесната тежина и дебелината. Некои од најдобрите извори на цинк се: бадемите, сусамот, мешунките итн.
Освен регулирањето на телесната тежина, секоја од овие хранливи материи има уште неколку својства кои се добри за општото здравје на човечкиот организам. Пред да ги промените исхраната и начинот на живот, никогаш не заборавајте да се консултирате со експерт. Според Рупали Дата, дефиницијата за здрава исхрана се разликува од личност до личност.