Овие намирници се ваши вредни сојузници против менструалните грчеви

Слични

Заборавете на немирните ноќи и вртењето додека спиете

Заборавете на немирните ноќи и вртењето додека спиете. Водич за...

Најмоќниот чистач за организмот

Најмоќниот чистач за организмот. Традиционален рецепт за напиток кој ќе...

Дали е корисно да се пие кефир ноќе?

Дали е корисно да се пие кефир ноќе? Вистина или...

4 знаци кои откриваат вишок сол во телото

4 знаци кои откриваат вишок сол во телото. Самата сол...

Туна или лосос: што е поздраво?

Туна или лосос: што е поздраво? Прашање на денот! Зошто е...

Сподели

Овие намирници се ваши вредни сојузници против менструалните грчеви

За време на менструацијата се јавуваат нарушувања во исхраната поради интензивните хормонални флуктуации. Урамнотежената исхрана може да направи чуда за менструалните грчеви.

Менструалните болки и грчеви кои често го придружуваат секој менструален циклус, често се доста интензивни и на многу жени им го отежнуваат секојдневието. Меѓутоа, малите промени во вашата исхрана можат да делуваат како природни лекови против болки. Најдобри сојузници во справувањето со болките за време на менструацијата се следниве намирници.

Лосос

Лососот и другите риби, како што се туната и сардините, се богати со масни киселини познати како омега3. Омега3 масните киселини помагаат да се намали воспалението, а тоа ги прави добри за општо ублажување на болката, вклучувајќи ги и менструалните грчеви. Освен тоа што е добар извор на протеини, лососот е и одличен извор на витамин Д и Б6. Витаминот Д помага во апсорпцијата на калциумот, уште една хранлива материја која може да влијае менструалните грчеви да бидат поподносливи. И витаминот Б6 може да помогне при осетливоста на градите. Тоа може да го почувствувате заедно со грчевите.

Зелен лиснат зеленчук

Губењето крв секој месец значи и губење на железо поради што се чувствувате слабо и тромаво. Голема сочна плескавица или стек може да биде атрактивен начин да го надоместите потребното железо. Сепак, месото не е единствениот извор на железо. Зелениот лиснат зеленчук (брокулата, зелката и спанаќот), исто така, е одличен извор на витамини и на железо.

Банани

Бананите содржат витамин Б6 и се богати со калиум, состојка која може да помогне во ублажување на здодевните менструални симптоми како што се надуеноста и грчевите.

Млечни производи

Истражувањата покажаа дека калциумот помага во намалување на менструалните грчеви, а може и да ги ублажи другите симптоми на ПМС како што се промените на расположението и заморот. Млечните производи (млекото, сирењето и јогуртот) се богати со калциум. Ако сте нетолерантни на лактоза, калциумот ќе го најдете во темнолисниот зелен зеленчук.

Јајца

Јајцата содржат витамини Б6, Д и Е, кои се борат со симптомите на предменструален синдром. Полни се и со протеини кои делуваат како дополнителен нутритивен бонус за време на менструацијата.

Ѓумбир 

Ѓумбирот може да го смири вашиот стомак кога чувствувате мачнина. Добар е и за управување со гасови и надуеност за време на менструацијата.

Камилица

Камилицата е вкусна. Помага во намалување на мускулните грчеви, а има и смирувачко дејство.

Темно чоколадо 

Темното чоколадо содржи магнезиум и влакна. За најдобри резултати изберете чоколадо што содржи најмалку 85% какао.

Путер од кикирики

Путерот од кикирики не е само најдобар пријател на темното чоколадо. Кикириките, исто така, се фантастичен извор на магнезиум, кој може да помогне во регулирањето на нивото на серотонин. Путерот од кикирики со малку сол може да помогне да се спречи надуеноста.

Вода

Иако може да изгледа парадоксално, водата, всушност, го спречува вашето тело да задржува течност. Голема чаша вода може да помогне да се намали надуеноста поврзана со менструацијата. Ако не сте љубител на вода, пробајте храна на база на вода како на пример: зелена салата, целер, краставици, лубеница или бобинки.

Дополнителен совет

И магнезиумот е елемент кој може да ги ублажи здодевните и болни симптоми на менструацијата. Храната богата со магнезиум може да ни помогне да ја надминеме раздразливоста, да се ослободиме од стресот и да ги елиминираме грчевите за време на менструацијата. Сето тоа е благодарение на способноста на магнезиумот да ги релаксира мускулите, дури и мускулите на матката кои се собираат за време на менструацијата. Истовремено, со помош на овој елемент се ослободувате од другите проблеми предизвикани од менструацијата, како што се главоболки или болки во грбот, коагулација, задржување на течности, чувствителност на градите и промени во расположението. Магнезиумот е застапен во: целите зрна, бадемите, ф’стаците, индиските ореви и семките од сончоглед, спанаќот, зелената салата, гравот, босилекот, коријандерот и бананите.

error: Content is protected !!