Овие пијалоци влијаат негативно врз имунитетот

Слични

Заборавете на немирните ноќи и вртењето додека спиете

Заборавете на немирните ноќи и вртењето додека спиете. Водич за...

Најмоќниот чистач за организмот

Најмоќниот чистач за организмот. Традиционален рецепт за напиток кој ќе...

Дали е корисно да се пие кефир ноќе?

Дали е корисно да се пие кефир ноќе? Вистина или...

4 знаци кои откриваат вишок сол во телото

4 знаци кои откриваат вишок сол во телото. Самата сол...

Туна или лосос: што е поздраво?

Туна или лосос: што е поздраво? Прашање на денот! Зошто е...

Сподели

Овие пијалоци влијаат негативно врз имунитетот

Дали може да се разболите од пиењето? Истражувањата покажаа дека скоковите во внесувањето на шеќер го потиснуваат имунолошкиот систем на човекот.

Kога е загрозен имунолошкиот систем, поголема е веројатноста да се разболите. Затоа дознаваме кои пијалоци треба да ги избегнуваме, особено за време на сезоната на настинки и грип.

Есен е. Состојбата со пандемијата не стивнува, па сите бараме засилувачи за имунолошкиот систем. Гледаме каде одиме, со кого се дружиме, дали некој шмрка и кива или не.

Сепак, избегнувањето на болеста не е секогаш само среќа. Многу луѓе стануваат поподложни на болести и без да сакаат поради нивната исхрана и навиките за пиење.

За да бидете сигурни дека не се доведувате во опасност дури ни случајно, ви откриваме кои пијалоци се најлоши за вашето здравје и имунитет.

Кафе лате со вкусови

Овие благи пијалоци можат да ви дадат брз извор на енергија, но исто така сериозно да влијаат и врз вашето здравје и имунитет.

Кафињата лате со различен вкус може да бидат изненадувачки голем извор на додаден шеќер. Некои од овие пијалоци содржат повеќе шеќер отколку една лименка сода. Користењето големи количини шеќер не само што може доведува до дополнителни калории во исхраната, туку и влијае негативно врз имунитетот.

Исхраната богата со шеќер исто така може да предизвика некакво воспаление. Високото ниво на воспалителни маркери може да го зголеми ризикот од некои болести.

Алкохол

Голема е поврзаноста на алкохолот и слабата имунолошка функција.

Алкохолот е лош за вашето имунолошки систем бидејќи честата употреба на алкохолот може да влијае на способноста на вашето тело брзо да ги исфрли бактериите. Всушност, луѓето со нарушувања во употребата на алкохолот може да бидат подложни на пулмонална имунолошка дисфункција при што горниот респираторен тракт не е во состојба да ги исчисти респираторните патогени.

Газирани пијалоци

Газираните сокови не се лоши само за вашата половина. Тие се лоши и за вашето здравје и за имунитетот.

Пијалоците кои вклучуваат дополнителни шеќери и натриум се штетни за нашиот имунолошки систем. И двете се иритирачки за системот, а тоа може да предизвика воспаление. Размислете како консумирањето сол предизвикува оток… Нашите тела најдобро функционираат со цела непреработена храна и пијалок.

Овошни сокови

Ако сакате да го одржите вашиот имунолошки систем силен, сега е најдобро време да се откажете од тие благи шопинг сокови.

Овошниот сок не е идеален за имунолошкиот систем бидејќи е одличен извор на шеќер, особено фруктоза и гликоза. Фруктозата предизвикува таложење на масти во нашите тела и влијае на нашите хормони во цревата, оставајќи нè повеќе гладни, а гликозата предизвикува скок на нивото на шеќер во крвта.

Многу луѓе претпоставуваат дека сокот е здрав бидејќи содржи витамини и минерали. Овие хранливи материи лесно се наоѓаат во целото овошје и зеленчук и не е потребно да се консумира шеќер дополнително.

error: Content is protected !!