Овие ТРИ квалитети ги поседуваат само најдобрите љубовници.
Ќе ви биде доволно да поминете само неколку часа со него.
Колку пати некој ве шармирал како личност, но многу брзо ве разочарал во кревет?
И, колку пати сте помислиле колку би било одлично ако можете однапред да процените што ве чека?
Потребни ви се само неколку часа во друштво за да ја снимите и процените ситуацијата, бидејќи овие три „ситници“ ги откриваат најдобрите љубовници.
Поседува убави манири
Ако тој секогаш ви ја отвора вратата пред да влезете некаде, го држи палтото, ве прашува како сте и како сте го поминале денот, очигледно сте во друштво на вистински џентлмен. И тоа е прилично голема гаранција дека во креветот ќе биде вистински џентлмен.
Не е нервозен и брзоплет
Ако единствена грижа му е да ве одведе во кревет, веројатно ќе го посака тоа што е можно поскоро, па ќе биде видливо нервозен и постојано ќе ве брза. Дечко кој трпеливо чека да му дадете зелено светло, кој навистина сака да ве запознае, најверојатно ќе биде трпелив и нежен љубовник и во кревет.
Често ве допира
Секако, во несексуална смисла. Имено, мажите кои се грижат исклучиво за секс, обично чекаат со допир додека не ја однесат жената во кревет. Внимателните љубовници го ценат допирот и надвор од спалната соба: тој ја допира вашата рака додека зборувате, ја зграпчува вашата половина додека одите покрај него, ја фаќа вашата рака додека ви објаснува нешто и слично – сите овие се знаци дека тој ќе биде внимателен и во кревет.