Овие уринарни инфекции се појавуваат во текот на летото, а ние ви нудиме начин како да ги превенирате!
Зачестеното и отежнато мокрење, болките во долниот дел од стомакот, чуството на неиспразнетост на бешиката, промена во состав и мирис, сите овие симптоми укажуваа дека се работи на уринарна инфекција.
Од друга страна и иритацијата на мочниот канал може да направи проблем кој може да трае и неколку недели додека причина може да остане нејасна иако наизглед изгледа дека бешиката е хронично инфекцирана. Уринарната инфекција се јавува и во текот на летото па од таа причина треба да бидете претпазливи и од таа причина на припадничките на женскиот пол не се препорачува носење на мокри костими за капење.
Бактеријата ешерихија која е најголем причинител на уринарни инфекции затоа е потребно да се борите против неа на соодветен начин.
Најпрвин зависи колку инфекцијата е распространета, па е во склад со тоа се применува терапија која ја одредува лекарот.
Не е препорачливо да се конзумираат антибиотици и генерално лекови на своја рака и најдобро е да се јавите на лекар за да добиете адекватна терапија. Што се однесува до превенција со земање на вода и други течности, препорачливо е да пиете чаеви иако во текот на летото тоа ретко кој го практикува.
Бактериите се исфрлуваат по пат на урина затоа е неопходно конзумирање на течности, од останатите чаеви тука спаѓа чајот од пченкарна свила, брусница а постојат и готови мешавини кои буквално се наменети за уринарни инфекции.
Антибиотиците се препорачуваат кога лекарот за тоа ќе процени дека има потреба. Немојте тоа да го правите на своја рака, иако озбилните инфекции се лечат на тој начин.
Пред да се случи проблем, размислувајте како тоа да го спречите бидејќи превенцијата е важна кога здравјето се доведува во прашање без оглед на тоа за кој орган зборуваме. Секој од нас може да допринесе на подобро или на полоша здравствена сосотојба.
Општопознато е дека чаевите се добри сојузници за превенција кога станува збор за бешиката односно кога се во прашање уринарни инфекции. На прво место е увин чај, чај од магдонос, брусница, како и чајот од пченкарна свила.
Увин чај
Прв во борбата со уринарната инфекција е увин чај кој е познат по својата делотворност. Освен аптисептичко дејство, увин чај помага и кај отстранување на бактерии преку константното мокрење, ја намалува акумулацијата на уринарната киселина и ја намалува болката во бешиката.
Пченкарна свила
Пченкарната свила спаѓа во моќни природни диуретици. Го стимулира исфрлувањето на урината, врши деоксикација на организмот и помага кај лечењето на инфекција на бешиката, воспаление на простатата и други болни процеси на уринарниот канал.
Брусница
Брусницата е ефикасна во лечењето на различни воспаленија и инфекции а посебно делотворно делува на воспаление на уринарниот тракт кое е предизвикано со Ешерихија коли. Чајот од брусница спречува нејзино лепење, а по пат на уринирање лесно се исфрлува од организмот.
Магдонос
Магдоносот го потикнува излачувањето на течностите од организмот бидејќи делува како природен диуретик и корисен е за здравјето на бубрегот и уринарните патишна. Ефикасно ги испира бактериите од уринарниот тракт, така да претставува број еден за лечењето на уринарни инфекции.