ОБИЧНИ ЛУЃЕ:

Шампионот Емил Цветанов – ни ја најавува наjголемата XCO MTB UCI 1 велосипедска трка во Македонија

Низ годините во Куманово преку основоположникот на велосипедизмот Емил...

Пет лесни трика за да имате мирислив дом

Пет лесни трика за да имате мирислив дом

Нема ништо поубаво од тоа кога ќе влезете во свеж и мирислив дом.

Меѓутоа, со различните мириси од готвењето и пушењето, не е лесно просторијата да мириса убаво. Непријатните мириси често доаѓаат од машината за миење садови, фрижидерот, корпата за отпадоци. Ги има и во бањата, а особено во становите со малку постар водовод и канализација.

Како лесно и брзо да се ослободите од непријатните мириси и да направите домот да ви биде мирислив? Имено, потребни ви се само неколку евтини и достапни состојки. Еве пет лесни трика за помирислив дом.

Отстранете го чадот од тутун од дома

Чадот од тутун е еден од мирисите кој најлесно се впива во вашиот дом, а никогаш не излегува од него. Останува невидлив за око, но со текот на годините се зголемуваат последиците во форма на мрсни жолти дамки на ѕидовите, таваните и мебелот, а мирисот останува во завесите, теписите и ткаенините од мебелот. Ако не сакате вашиот стан или куќа да останат запаметени по непријатниот мирис на чад од тутун, забранете им на гостите да пушат во собите. Овозможете им да уживаат во чадот само на терасата. Единствен исклучок можат да бидат гостите кои консумираат IQOS и слични електронски уреди кои не создаваат чад бидејќи тие работат на принцип на загревање на тутунот. Електронскиот уред IQOS работи без согорување на тутун и  создава помалку непријатни мириси.

Ослободете се од непријатните мириси во фрижидерот

Посовремените фрижидери речиси го решија овој проблем со помош на новите технологии, но често се случува, фрижидерот, со сите оние намирници што ги чуваме во него, да биде извор на непријатни мириси. За да го избегнете ова, редовно бришете ја внатрешноста на фрижидерот со сода бикарбона и со оцет. Има уште еден трик. На полиците во фрижидерот ставете неколку топчиња памучна волна натопена во екстракт од ванила или во сок од лимон.

За мирисливо претсобје

Првата просторија при влезот во куќата, всушност, е и просторот каде што ги соблекуваме чевлите, јакните и капутите. Вистински предизвик е да ја одржуваме мирислива. Извадете ги јакните на терасата за да се проветрат, а во кутијата за чевли ставете перничиња од лаванда. Непријатниот мирис што доаѓа од кутијата за чевли може да се неутрализира со трик. Земете еден плех. Посипете прашок за пециво или сода бикарбона, ставете го на дното на кутијата за чевли и менувајте го на секои 4—5 дена. На овој начин ќе се впие влагата и непријатната миризба, а прашокот, наместо во плехот, може да се истури во најлонски чорап кој потоа се врзува.

Лаванда и сапуни во плакари

Шкафовите, гардеробите и фиоките можат да останат мирисливи ако во нив ставите само суви алишта. Докажано е дека е добро да ставите сапун меѓу гардеробата што сте ја отвориле и сте ја оставиле во оригиналното пакување. И вториот трик е ефикасен.  Потребни ви се само кесички од лаванда. Својствата на лавандата во борбата против инсектите и молците како чести натрапници во нашите плакари, се познати надалеку. Кесите од лаванда не само што ги отстрануваат молците туку и шират пријатен мирис кој долго се задржува во гардеробата. Може да се стават и под перница бидејќи придонесуваат за поквалитетен сон. Можете да купите перници од лаванда или да ги направите сами така што проѕирната ткаенина ќе ја наполните со малку ориз и сушени пупки од лаванда, а со конец ќе ја зашиете.

Освежете ја вашата бања

Постојан предизвик е да ја одржувате бањата чиста и мирислива, но ако ги следите овие совети, вашата бања може да биде вистинска мала мирислива оаза. Не оставајте влажни крпи во бањата. Влажните крпи треба веднаш да се исушат бидејќи можат да придонесат за непријатен мирис во веќе влажна просторија. Покрај тоа, лимонот, содата бикарбона и ароматичните масла можат да ви бидат сојузници во освежувањето на бањата.

Во бањата можете да ставите памучна вата натопена во ароматично масло. Таа може да стои во корпа за алишта, корпа за отпадоци и во чаша наменета за чување на четка за заби. Содата бикарбона во комбинација со зовриена вода може да се истури во одводи поради силните својства за одмастување и отстранување на нечистотијата. Покрај тоа, познато е и дека лимонот ги неутрализира непријатните мириси, а неговата киселина делува како природен детергент. Затоа, ви препорачуваме да го користите за чистење на површините во бањата.

Освен со редовно чистење, проветрување и употреба на освежувачи за воздух купени во продавница, понекогаш е добро да го освежите вашиот дом и со овие мали интересни трикови за кои не е потребно да се вложи многу време, труд или пари.

Latest

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Newsletter

spot_img

Don't miss

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Уметничкиот центар ПОЛИФОНИЈА со несекојдневна програма во рамки на Скопско Лето.

21ви Јули со почеток во 21 часот "Македонски шлагери, стари...
spot_imgspot_img

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници кои го олеснуваат животот и особено работата. Бизнис трансофмацијата се забрза, предизвикувајќи големи промени во...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и седумкратниот освојувач на најголемата титула во бодибилдинг, Мистер Олимпија. Сепак, дали знаевте дека Арнолд Шварценегер стана...

ИСКРЕНО СО: Симона Николова – за дискриминацијата, менталитетот и патот до успехот за кој сонува и го остварува

FLIP: Како си?! Симона Н.: Здраво пред сè. Јас сум одлично, благодарам. Чест ми е и задоволство што повторно одговарам на ваши прашања. Не ѝ...

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

error: Content is protected !!