Пет работи за кои нема место во бањата бидејќи може да се уништат од влага.
Многу луѓе имаат навика да ги оставаат овие работи во бањата, но тоа не се препорачува поради влажноста.
Вршиме утрински ритуали во бањата, па стана сосема нормално некои работи да се чуваат таму, за да ни бидат при рака во текот на утринската рутина.
Сепак, треба да се има предвид дека во бањата се задржува влага, што може да ги уништи овие работи.
Лекови, шминка, како и жилети се дел од работите за кои нема место во бањата поради влагата.
Покрај овие работи, има и такви кои речиси сите ги чуваат во бањата, иако тоа не е препорачливо.
Крпи
Иако на многумина им изгледа лудо да чуваат крпи во друга просторија, има објаснување зошто треба да го правите тоа.
Имено, бањите се влажни места каде има разни бактерии, а крпите, особено ако се влажни, се идеални за нивно размножување. Ако немате каде на друго место да ги ставите, погрижете се да бидат обесени на најсувото место во бањата.
Бањарка
На бањарка исто така нема место во бањата, бидејќи како што е случајот со крпите, поради материјалот од кој се направени, тие се подложни на размножување на бактерии и габи.
Покрај тоа, влагата во бањата може да предизвика непријатен мирис на мувла на бањарка.
Книги и списанија
Книгите и списанијата, како и хартијата воопшто, многу брзо ја апсорбираат влагата во бањата, поради што страниците ќе се збрчкаат, а лепилото околу врзувањето ќе испари и ќе испушта токсини во воздухот.
Накит
Некои луѓе имаат навика да чуваат накит како обетки, прстени и алки во бањата, бидејќи таму има огледало, но и славина каде што ги мијат рацете, па најлесно е да го извадат накитот токму таму.
Сепак, влагата влијае и на накитот, особено на среброто, кое е многу чувствително на влага.
Парфем
Нагли промени во температурата што може да предизвикаат топла вода да влијае на молекулите во парфемот, што може да доведе до тоа парфемот да почне да мириса кисело.
Најдобро е парфемите да ги чувате на поладно и потемно место, како што е плакарот или фиоката во просторијата.