Кој друг може да одолее на топла и миризлива чорба?
Состојки
- 1 кромид
- 20гр путер
- 1 морков
- 250гр пилешко филе
- 1 лажица брашно
- 1 лажица сув зачин
- 200мл павлака за готвење
- 1 литар вода
- 1 лажичка сол
- 1 цвет магданос
Како да се подготви
Ситно исецканиот кромид спржете го со малку путер. Додадете морков на коцки и оставете го да врие десет минути, додавајќи вода по потреба. Додадете го пилешкото филе на коцки, зачинете го со сувиот зачин и бибер и оставете го да врие уште пет минути. Посипете со брашно и промешајте, а потоа сипете еден литар вода и варете уште 20 минути. На крај, додадете го кремот за готвење. Додадете сол по вкус. Гответе уште пет минути со постојано мешање. Послужете топло.
Уживајте!