Пире од спанаќ.
За да го подготвите овој рецепт потребно ви е:
– 500 грама очистен спанаќ
– Половина чаша млеко (100 милилитри)
– Половина лажичка интегрално брашно
– Лажичка путер
– Четвртина лажичка сол
Подготовка:
Спанаќот измијте го и ставете го да се вари во зовриена вода во времетраење од пет минути. Потога процедете го а во загреан сад на оган ставете путер и почекајте да се стопи па потоа додадете му брашно и непрестано мешајте. На смесата додадете млеко и оставете да се вари пет минути. Спанаќот исецкајте го на ситно и додадете во садот и со непрекнато мешање гответе го уште неколку минути а потоа додадете сол.