ОБИЧНИ ЛУЃЕ:

Шампионот Емил Цветанов – ни ја најавува наjголемата XCO MTB UCI 1 велосипедска трка во Македонија

Низ годините во Куманово преку основоположникот на велосипедизмот Емил...

Планинскиот велосипедизам ја става Македонија на светската мапа на организатори на UCI трки

Планинскиот велосипедизам станува се позастапен спорт во нашата држава каде постојат навистина прекрасни вон-теренски (off-road) и крос патеки. Велосипедската култура во Македонија последните години доживува подем, а вечосипедските патеки патеки се прават и надвор од урбаните средини, додека интересот за планински велосипедизам енормно расте.

Иницијалната каписла и еден од двигателите, но и тим кој ја зголеми популарноста на овој спорт е токму Крос Сајклинг од Куманово, кој е актуелен шампион во оваа спортска дисциплина и тим кој е домаќин на една од трките со најмодерна патека во околината на Куманово за која пристигнуваат пофални зборови , не само од луѓето од нашата држава туку и надвор од нашите граници.

Квалитетот на условите на патеката е потврда на одржување на една од трките од македонскиот шампионат, а на тежина добива и самата номинација и доделување на организација на меѓународна трка која ќе се одржи на 05.06.2022 година, Како тим и домаќин ќе ја имаме таа чест да ги угостиме најдобрите велосипедисти од Европа кои ќе имаа можност да се борат за бодови кои ќе им значат за висок пласман во меѓународни рамките.

Горди сме како тим и за нашиот напор вистински награди се величествените глетки, кои го запираат здивот и остануваат визуелен потсетник на возвишената убавина на природата на изобилството на флора и фауна типични за нашите краеви. Како клуб, исто така го поттикнуване развојот на велосипедски патеки во цела Македонија, како и на локалниот одржлив туризам на природните делови на секој град и секоја околина. Се е на природата и тебе.

Приклучи се, истражувај, тркај се и победи – тоа е нашето мото, а се надеваме дека ќе биде и Ваше.

Дознајте повеќе на официјалната веб страна на трката xcokumanovo.com

Погледнете едно видео од 2018-та година

Latest

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Newsletter

spot_img

Don't miss

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Уметничкиот центар ПОЛИФОНИЈА со несекојдневна програма во рамки на Скопско Лето.

21ви Јули со почеток во 21 часот "Македонски шлагери, стари...
spot_imgspot_img

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници кои го олеснуваат животот и особено работата. Бизнис трансофмацијата се забрза, предизвикувајќи големи промени во...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и седумкратниот освојувач на најголемата титула во бодибилдинг, Мистер Олимпија. Сепак, дали знаевте дека Арнолд Шварценегер стана...

ИСКРЕНО СО: Симона Николова – за дискриминацијата, менталитетот и патот до успехот за кој сонува и го остварува

FLIP: Како си?! Симона Н.: Здраво пред сè. Јас сум одлично, благодарам. Чест ми е и задоволство што повторно одговарам на ваши прашања. Не ѝ...

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

error: Content is protected !!