Почина Мира Фурлан

Слични

Сподели

Актерката почина во среда, 20-ти јануари.

Легендарната југословенска актерка Мира Фурлан почина на 65-годишна возраст, објавено е на нејзиниот официјален профил на Твитер.

Мира е родена во Хрватска во 1955 година и живееше во Америка од 1991 година, кога емигрирала со сопругот поради војната. Засега не е позната причината за смртта, но креаторот на серијата „Вавилон 5“ во која играше и кој се збогуваше со неа на социјалните мрежи, изјави дека веќе некое време имала здравствени проблеми.

“It is a night of great sadness, for our friend and comrade had gone down the road where we cannot reach her. But as with all things, we will catch up with her in time, and I believe she will have many stories to tell us, and many new roles to share with the universe.”

– J. Michael Straczynski (@straczynski) 22 јануари 2021 година

Тоа е ноќ на голема тага, бидејќи нашата пријателка и другарка тргнаа по патот каде не можеме да ја достигнеме. Но, како и за сите работи, ние ќе ја стигнеме со време и верувам дека таа ќе има многу приказни да ни раскаже, и многу нови улоги што треба да ги сподели со универзумот.

error: Content is protected !!