ОБИЧНИ ЛУЃЕ:

Шампионот Емил Цветанов – ни ја најавува наjголемата XCO MTB UCI 1 велосипедска трка во Македонија

Низ годините во Куманово преку основоположникот на велосипедизмот Емил...

Подмладете го вашето лице и тело на сосема природен начин!

Подмладете го вашето лице и тело на сосема природен начин!

Нашето тело секој ден произведува колаген кој воедно претставува главен протеин во организмот, а тој процес со текот на годините успорува. Кожата губи најмалку еден процент колаген на годишно ниво, а тој процес можат да го забрзаат и повеќе фактори како што е загадувањето, пушењето цигари и исхраната.

Недостатокот на колаген може да се надомести и со исхраната.

Колагенот претставува протеин кој се наоѓа во телото и претставува составен дел од здравата кожа, коса, ноктите, забите, а исто така придонесува за зајакнување на коските, ги штити зглобовите и лигаментите, го подобрува варењето, го штити мозокот и срцето.

Колагенот е силна поддршка на метаболизмот. Производството на колагенот започнува да опаѓа по дваесет и петата година од животот, а за намалување на колагенот влијае и хормонската нерамнотежа, стресот, лошата исхрана, како и синдромот на пропустливи црева. Неконтролираното изложување на сонце исто така ја намалува содржината на колагенот.

Без колаген кожата би била сова и тенка, ноктите полесно би се кршеле, мускулите не би се развивале, а и коските би биле лесно кршливи.

Доколку подолго време готвите супа од коски се ослободува колаген и се добива бујон односно природен колаген. Говедските коски содржат колаген кој е доста важен за нашата кожа додека пак супата од пилешко и мисиркино месо содржи колаген кој е важен за зглобовите. Препорачливо е да се припремаат и да се конзумираат бистри супи од коски.

Зелениот лиснат зеленчук содржи хлорофил кој на самиот зеленчук му дава зелена боја, а воедно е и антиоксиданс и ја штити кожата и влијае на синтеза на колагенот.

Тропското овошје е ризница на витамин Ц кој исто така е важен оксиданс и штити од токсините кои придонесуваат за разградување на колагенот и за оштетување на кожата.

Јајцата содржат колаген во мембраната на жолчката и во лушпата. Јајцето содржи сулфор, минерал кој е важен за производство на колаген.

Овошје во форма на бобинки содржи елагинска киселина која спречува разгградување на колаген и штити од УВ оштетувања. Овој вид на овошје исто така содржи и витамин Ц.

Патлиџанот содржи ликопен, антиоксиданс кој ја штити кожата од оштетување од сонцето и спречува разградување на колаген. Покрај патлиџан, во исхраната треба да употребуваме и црвен зеленчук.

Семките од тиква содржат цинк кој делува како битен фактор за разградување на колагенот како и јаткастите плодови.

Белиот лук содржи сулфур кој помага во синтеза и спречување на разградувањето на колагенот.

Ѓумбир, цимет и шафран содржат манган кој исто така претставува неопходна компонента за производство на колаген.

Подготовка на колаген напиток

За да подготвите совршен колаген напиток потребно ви е: една шолја овошје во форма на бобинк, половина банана, еден мал морков, едно мало цвекло, спанаќ, половина шолја ладен чај од камилица и една лажичка мелен лен. Сите состојки од наведените количини ставете ги во блендер и кога ќе ги изблендирате, добиената напивка можете веднаш да ја конзумирате.

Latest

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Newsletter

spot_img

Don't miss

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и...

Уметничкиот центар ПОЛИФОНИЈА со несекојдневна програма во рамки на Скопско Лето.

21ви Јули со почеток во 21 часот "Македонски шлагери, стари...
spot_imgspot_img

10 години ALLWeb – во ново руво и нови искуства на дигиталната сцена

Изминативе години покажаа дека технологијата и дигитализацијата се сојузници кои го олеснуваат животот и особено работата. Бизнис трансофмацијата се забрза, предизвикувајќи големи промени во...

АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР: УПОРНИОТ АВСТРИСКИ МУСКУЛЕСТ ЧОВЕК КОЈ СТАНА СИНОНИМ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СОН

Сите го знаеме како Терминаторот, гувернерот на Калифорнија и седумкратниот освојувач на најголемата титула во бодибилдинг, Мистер Олимпија. Сепак, дали знаевте дека Арнолд Шварценегер стана...

ИСКРЕНО СО: Симона Николова – за дискриминацијата, менталитетот и патот до успехот за кој сонува и го остварува

FLIP: Како си?! Симона Н.: Здраво пред сè. Јас сум одлично, благодарам. Чест ми е и задоволство што повторно одговарам на ваши прашања. Не ѝ...

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

error: Content is protected !!