Поради овие 7 хранливи продукти се потиме па затоа треба да ги избегнуваме во секоја прилика!
Понекогаш мирисот на потта се чуствува многу поинтензиво и посилно, а причината генерално се крие во храната која ја јадеме. Со оглед дека сме во период на летна сезона можеби не би било лошо да водиме сметка за тоа што јадеме, како и поради себе така и поради другите во нашето опкружување.
Дали сакаме или не секој од нас има карактеристичен мирис на телото, а причините за тоа можат да бидат разни.
Покрај генетиката која игра огромна улога, важна е и физичката активност, исхраната и староста. На кожата се наоѓаат бактерии, илјада видови можете да направите од најразлични комбинации кои со пот од нашите потни жлезни создаваат карактеристичен мирис.
Генетиката и годиштето не можеме да го промениме но затоа храната можеме. Овдека
не станува збор за храна која ќе влијае на непријатниот мирис туку онаа која влијае на тоа како се чуствуваме под пазувите и во на другите делови од телото.
Брокулите, зелката, карфиолот, лукот како пример, на прво видување се здрави од нутритивното гледиште, а можат да влијаат и на тоа каков мирис ќе продуцираме.
Причината лежи во тоа кој хранлив продукт содржи повеќе сулфур. Соединенијата на сулфур организмот ги разложува во суплементи кои мирисаат на растопен путер, а дел од нив ги исфрла преку потта. Овој непријатен мирис во поголем дел би требало да исчезне во рок од шест часови по конзумирање на оваа храна.
Ова не значи дека брокулта, зелката и карфиолот треба да ги избегнуваме. Со подготвување на пареа можеме да го неутрализираме поголемиот дел на сулфурните соединенија па така да го намалиме влијанието на непријатното потење.
Алкохол
Кога конзумирате алкохол, голем дел од тоа се апсорбира во црниот дроб. Дел од алкохолот се ослободува преку потење и дишење. Значи ако претерате со алкохол, не само дека вашата непријатна миризма ќе се прошири, ќе се почуствува и мирисот на алкохолот кој ќе излегува од порите.
Зачински билки
Различните хранливи продукти кои ги конзумираат доилките (од морков и лук до нане и ванила) влијааат на вкусот на мајчиното млеко. Интересно е да се каже дека исхраната на мајката во периодот на бременоста – ако редовно вклучува силни зачини како што е на пример карито, може да влијае на здравјето новороденчето.
Црвено месо
Месото се потешко вари од останатите хранливи продукти и целиот организам е под оптеретување па и потните жлезди лачат повеќе пот. За да би се почуствувале пријатно месото треба доволно ќе се свари. Во зависност од вашиот организам, промената на мирисот на потта која е предизивикана со конзумирање на црвено месо може да биде минимална и да трае од неколку часа односно до две недели.
Риба
Речиси сите знаеме колку е зраво да се конзумира риба. Омега 3 масните киселини се од суштинска важност за функционирање на мозокот и за намалување на ризикот од срцеви заболувања. Општа препорака е дека треба да се јаде риба два пати неделно. Она што на рибата и дава мирис е холинот, кој се наоѓа во туната и во лососот. Некои личности можат да лачат холин преку пот и 24 часа по јадење на риба. Сериозните случаи на „синдромот на мирис на риба“ можат да се решат со промена на навиките во исхраната.
Преработена храна
Речиси сета преработена храна во мал или поголем облик содржи рафиниран шеќер кој како што се знае го подига гликемискиот индекс на производот. Се смета дека шеќерот е присутен во крвта по конзумирање на преработена храна и го менува составот на потта. Кога потта ќе се комбинира со банктериите на кожата доаѓа до промени во мирисот. Преработената храна не содржи хлорофил, хемикалија која дава боја на зеленчукот и делува против неппријатните мириси, неутрализирајќи ги бактериите кои предизвикуваат непријатна миризба. Преработената храна не е здрава и на телото дава непријатен мирис. После исфрлување на индустриската храна од употреба за период од недела дена мирисот ќе исчезне.
Диета со или без јаглени хидрати
Исто како и исхраната со висока содржина на јаглени хидрати, може да предизвика непријатна миризба така и диетите со помало количесто претставуваа проблем. Кога ќе го намалите внесот на јаглени хидрати, вашето тело за да добие енергија да троши масти или белковини. Тоа е и причината поради што диетите со помало количество на јаглени хидрати во цел за ослабнување, истовремено влијае на мирисот на телото. Со користење на масти за енергија, телото произведува хемикалии кои на потта и даваат непријатна миризба. Таа миризба може да потсетува на овошје или на ацетон. Секако ова не се однесува на сите личности туку само на некои бидејќи сите ги имаме во различни хемиски механизми.