Посна крем супа од грав : Неодоливо јадење кое ќе го спремате често!
Во деновите на постот, неизбежно е да се јаде и нешто „со лажица“.
Состојки:
- 100 грама бел грав
- 3 лажици масло
- 1 лажица брашно
- 1 мал кромид, ситно рендан
- 1 лажичка мелена пиперка
- 1 ловоров лист
- 1 лажица ротквица, ситно рендана
- бибер
- сол
Начин на подготовка:
Потопете го гравот да отстои, измијте го и исцедете го. Гответе ги гравот и ловоровиот лист со малку вода додека не омекнат. Одделете две лажици варен грав на страна. Остатокот процедете го заедно со вода. Додадете бибер по желба.
Пропржете го брашното во масло за да потемни, додадете го кромидот и зачинот. Измешајте го со пасираниот грав. Промешајте, додадете сол по вкус, додадете го гравот, додадете вода која треба да биде топла и варете уште 10 минути. Извадете го гравот од шпоретот и додадете една мала лажица рендана ротквица во крем супата, по што супата е подготвена за сервирање.